TensorFlow-chip-796x398

Неодамна, Google разви компјутер со вештачка интелигенција, кој успеа да го победи Ли Се Дол, еден од најдобрите играчи на играта “Go” во светот, нешто што до тој момент се сметаше дека е невозможно. Ова е чипот  од срцето на тој компјутер, кој според Google, има перформанси кои не носат 7 години во иднината од развојот на процесорите и графичките чипови.

Овој процесор сепак не е ист како нив – се работи за TPU, односно Tensor Processing Unit. Овој чип не може да извршува голем распон на задачи како процесорите во нашите компјутери, односно работи само со TensorFlow системот за вештачка интелигенција и благодарение на тоа, извршува многу повеќе пресметки за помала потрошувачка на енергија. Ова го прави идеален за вештачка интелигенција, бидејќи може да се користи за „Учење на Машините“.

Google го користи овој TPU чип во своите дата центри веќе цела година и тој е дел од неколку нивни производи и платформи, како на пример Street View. И покрај тоа што на големо се користи за пресметки, тој функционира заедно со CPU и GPU чиповите, кои се наменети за други задачи.

Овој чип сепак нема да може да се купи, а и да стигнете некако до него, нема да може вистински да го искористите, бидејќи нема да може да функционира со ниту еден оперативен систем познат за нас. Исто така, неговите пресметки не се секогаш „најпрецизни“, односно дозволени се грешки со цел побрзи перформанси, односно побрзо учење кај апликациите за вештачка интелигенција.

Извор: The Next Web, PCWorld, Wired

Претходна статијаXiaomi 4K Mi Box е нов Android TV 6.0 уред
Следна статијаAndroid N на Google I/O – што ново донесува оваа верзија ?