Кога е потребен компјутер кој ќе одговори на потребите на апликациите кои бараат врвни перформанси тогаш изборот е Dell Precision

Dell Precision е специјално дизајнирана серија за оние кои работат со апликации кои бараат моќен хардвер како апликации за графика, 3D моделирање, симулации итн.

Dell Precision серијата на работни станици е достапна во 3 варијанти – како Mobile – односно преносна работна станица (лаптоп), Tower односно десктоп и Rack.

Иновативен дизајн

Секоја Dell Precision е дизајнирана со карактеристики што ви требаат за да ги “оживеете” вашите идеи.

Мобилните работни станици се потенки, полесни, премиум дизајнирани и имаат InfinityEdge, UHD, HDR и опција за екран на допир. Без разлика на димензиите не се прави компромис во однос на перформансите поради што се користат напредни термички технологии што ви овозможуваат да го одржувате вашиот систем да работи со голема брзина долго.

Интелигентни перформанси

Dell Optimizer за Precision е единствениот софтвер за оптимизација базиран на вештачка интелигенција кој автоматски ја сетира работна станица користејќи машинско учење за да обезбеди врвни перформанси.

ISV сертифицирани системи

Dell инвестира илјадници часови строго тестирање во соработка со Независните продавачи на софтвер (ISV) (како што се Adobe, Autodesk, Solidworks) за да може да испорача тестирана и целосно оптимизирана работна станица. Дознајте повеќе за ISV сертификатите на precisionworkstations.com

Најновите Dell Precision модели се достапни за нарачка во Макпетрол А.Д. – Центар Dell.

Претходна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Како да задржиме правилно држење на телото додека возиме
Следна статијаGoogle Messages доби „end-to-end енкрипција“ на разговорите кога се користи RCS протоколот