Фото: Qualcomm

Нешто што започна како гласина, подоцна беше потврдено од страна на Google, сега повторно добива уште една потврда која укажува на тоа дека наскоро можеме да видиме нешто конкретно. 

Google во основа планира да има само еден оперативен систем, без разлика на уредот на кој работи, па ChromeOS веќе нема да се користи за лаптоп компјутерите, односно ќе дојде до спојување со Android.

Ова е нешто што ќе донесе доста голема предност за корисниците, а покрај предностите на Android основата, тука се и функциите и искуството од ChromeOS. 

Во рамките на Snapdragon Summit 2025, настана на кого беа преставени Snapdragon 8 Elite Gen 5 и Snapdragon X2 Elite серијата, повторно имаме потврда на работата која ја прави Google поврзана со десктоп компјутерите. 

Главната информација која може да се извлече е дека од компанијата сериозно работат на оваа новина, а истата можеме наскоро да очекуваме и да ја видиме. 

Компјутерите со Android очекувано би работеле на некој од Qualcomm чиповите, а на таа тема кратко разговараа директорот на Qualcomm Кристиано Амон и познатиот Рик Остерлох од Google. 

За жал, овој „проект“ на Google сѐ уште е во фаза на пуштање на мали информации, иако можеме веќе да замислиме како ќе изгледа. 

Верувам дека во месеците што следат ќе можеме да ги видиме и првите примери од унифицираната Android верзија наменета за компјутерите, па ќе видиме како истата ќе биде позиционирана, односно дали слично како ChromeOS или Google овој пат ќе има поширока публика како цел. 

Делот од разговорот можете да го погледнете во продолжение. 

Претходна статијаSnapdragon X серијата која ја донесе конкуренцијата на MacBook компјутерите ја доби својата втора генерација
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.