Alienware на пазарот го враќа подобреното футуристичко десктоп куќиште Area 51 создадено за најтврдокорните гејмери. Наново осмислен и изграден, овoј импресивен компјутерски систем со одличен дизајн нуди низа подобрувања во поглед на функционалност, перформанси како и доста простор и опции за надоградба.
Дизајнот на четвртата генерација Area 51 од компанијата го нарекуваат Triad, а тираголната форма покрај тоа што изгледа одлично исто така овозможува подобро термичко струење во самиот систем.
Компанијата е позната по тоа што секогаш внимава на надворешниот визуелен изглед на нивните куќишта па така и Area 51 не е исклучок. Таканаречениот Alienware Command Center 4.0 за самото куќиште нуди 9 програмирани светлечки зони со 20 бои и 512 комбинации на светлото.
Командниот центар исто така им дозволува на луѓето автоматски да го овоерклокнат системот, да ги местат брзините, волтите како и ред други подесувања. Спецификациите не доаѓаат како изненадување.
Нормално е компанија како Intel која само што ја престави новата генерација на моќни процесори да ги промовира заедно со Alienware. Она што е плус е што овој нов процесор Haswell-E во Area 51 доаѓа оверклокуван и со течно ладење, а ќе биде достапен во шестјадрени и осумјадрени верзии.
Чипсетот е секако новиот Intel X99 Express кој има четириканална DDR4 RAM меморија која поддржува и до 32 гигабајти. Системот во себе има три слота за графички картички. Поддржува резолуција од 11520 на 2160 пиксели која може да се распореди на три монитори со Ultra HD 4К технологија.
Секако дека моќното куќиште кое ќе се појави на пазарот наредниот месец заслужува и моќен монитор. Kомпанијата најави дека купувачите ќе можат заедно со Area 51 да го изберат и 34 инчниот монитор Dell UltraSharp (U3415W) со ултраширок размер од 21:9. Нарачките за мониторите ќе започнат најпрвин во Кина во ноември а месец подоцна ќе бидат достапни и во други земји ширум светот.
Извор: Alienware