Shutterstock.com

Додека чекаме да видиме каков ќе биде исходот од случувањата помеѓу САД и Кина, каде централно место доби големата кинеска компанија Huawei, основачот на оваа компанија почна да дава интервјуа во повеќе медиуми.

Разврската на случувањата може да ја почекаме и повеќе месеци, па во меѓувреме останува да се следи дали нешто измеѓу ќе има што ќе го покаже правецот на движење. Во овој момент изгледа дека се работи за класична трговска војна помеѓу двете земји, најверојатно започната од САД.

Интервјуто на Рен Женгфеи, 74 годишниот основач на Huawei можете да го погледнете во продолжение, а истото е доволно кратко за да може целото да се изгледа.

Во интервјуто се гледа дека Женгфеи сака да остави самоуверен впечаток, одговара на прашањата прилично директно и како што би очекувале.

Признава дека ова што се случува влијае на компанијата, како и тоа дека ќе биде забавен растот којшто беше постигнат изминатите години. Аналогијата која ја прави за да опише што се случува е со авион којшто има дупка, но тој сепак може да продолжи да лета. Тие работат на поправка на дупките, но ќе видат каков ќе биде исходот.

На прашањето каков е неговиот став и коментар за барањата во Кина да се возврати со иста мерка према Apple, Женгфеи истакнува дека, како прво тоа нема да се случи, но ако се случи, тој ќе биде првиот којшто ќе протестира против одлуката. Apple ги истакнува како негов учител, па нема логика тој да се сврти против неговиот учител.

Изгледа ќе мора да почекаме повеќе месеци за да видиме како ќе заврши ова што се случува и какви ќе бидат последиците кон Huawei.

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНЕПТУН лансираше своја мобилна апликација за онлајн шопинг – Симнете ја на вашиот смартфон и уживајте во купувањето
Следна статијаАпликацијата “Adobe Premiere Rush“ наменета за Samsung – лансирана за корисниците на Galaxy уредите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.