Shutterstock.com

Netflix изминатите години прерасна од место каде може да се гледаат добри филмови и серии од разни продукциски куќи, во место од каде што доаѓаат овие добри филмови и серии. Голем дел од најквалитетната и популарна содржина изминатата година е направена од Netflix, односно е финансирана од нив.

Оригиналната Netflix содржина, како што се нарекува, ќе стане уште поголем дел од оваа компанија досега само за стриминг на содржина. Од компанијата ќе продолжат да инвестираат во оригинална содржина и оваа година ќе ја зголемат сумата која ја трошат на дури 17 милијарди долари.

Ова претставува зголемување од околу 2 милијарди во споредба со минатата година, што значи дека може да се очекува дека и оваа година повеќето работи што ќе ги гледаме, ќе бидат на Netflix.

Овие бројки сепак не се официјални од Netflix. Тие доаѓаат од аналитичката компанија BMO Capital Markets која работи на Wall Street. Сепак, кога ќе се земе во предвид дека нејзината проценка е пренесена од доволно сериозни медиуми во САД, може да се знае со сигурност дека бројката е прилично точно.

Исто така, секој кој доволно гледа Netflix, му е јасно колку оваа компанија инвестира во оригинална содржина, па очекувањата се дека тоа ќе продолжи и оваа година.

Netflix не е без конкуренција во својата работа. Покрај старите и познати продукциски куќи, кои не ретко соработуваат со нив, тука се и Amazon Prime Video, Apple TV, Disney+, кои сите инвестираат исто така големи пари во сопствена, оригинална содржина.

Изборот на содржина за гледање е најголем досега, па може и да се постави прашањето дали ова носи и квалитет во споредба со времињата кога требаше од време на време да се отиде во кино.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.