Microsoft како компанија реши да стане пример за тоа како барем големите компании кои имаат доволно средства, треба да се однесуваат спрема своето влијание на околината. Тие планираат да инвестираат повеќе од 1 милијарда долари во развој на технологии кои уште не се достапни, кои ќе треба да овозможат отстранување на јаглеродниот диоксид од атмосферата.

Од компанијата веќе работат на тоа да го намалат своето негативно влијание на околината со тоа што го намалуваат емитувањето на јаглероден диоксид. Тоа го прават преку користење на обновливи извори на енергија, но исто така го зимаат во предвид емитувањето на јаглероден диоксид од нивната работа, директно и индиректно. Од Microsoft одат до таму што полека почнуваат да ги зимаат одговорни и нивните партнери, а наплаќаат и „данок“ во самата компанија со цел мотивирање на секторите да го намалат своето загадување.

Планот на Microsoft е прилично амбициозен и со големи цели кои сигурно доста ќе се запрашаат дали се изводливи и дали од компанијата ќе успеат да ги постигнат своите рокови. Според планот, тие до 2030 сакаат да станат компанија со негативен јаглероден отпечаток, што значи дека не само што ќе го намалат своето емитување на овој гас, туку тие ќе почнат и да собираат повеќе од што емитуваат во атмосферата преку разни начини.

Не само тоа, тие сакаат до 2050, со развојот на технологиите, да почнат да извлекуваат доволно јаглероден диоксид од атмосферата, со што ќе извлечат количина доволно голема за да може да се каже дека имаат надоместено за се што имаат емитувано од нивното основање во 1975 година.

Од компанијата истакнуваат дека човековата активност има ослободено огромна количина на гасови со ефект на стаклена градина од почетокот на индустриската револуција, додека најголемиот дел од нив се во форма на јаглероден диоксид ослободен од 1950 година, па навака.

Зголемувањето на температурата на Земјата поради ваквите гасови се предвидува дека доколку продолжи ќе има катастрофални последици на животот, па секако нешто треба да се преземе посериозно.

Во ова видео во продолжение Microsoft едноставно го објаснува ефектот на гасовите со ефект на стаклена градина, а посебно јаглеродниот диоксид, како и нивниот план да преземат нешто околу тоа.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.