По петти пат Internet+ Expo powered by CEBIT, светски лидер во дигитални настани, ќе се одржи во Меѓународниот центар за конвенции и изложби Танжу во Гуангдонг, Кина, од 16-19 октомври 2019 год.Темата на овој настан „Индустриска интерконекција и дигитална интелигенција“, ќе опфати седум делови, и тоа „Internet+ Frontier Technology“, Дигитален бизнис, Дигитален живот, Иновации и стартапи, Паметно производство, Роботика, и Натпревари и изложба на роботи, што ќе биде претставено на површина од 55.000 м2. Како дел од ИТ компаниите на саемот ќе се претстави и нашата интернационална компанија Брансис – компанија која развива IoT решенија за менаџирање возен парк, заедно со група амерички компании.

Internet+ Expo 2019 ќе воведе најсовремени технологии, опрема и решенија, за да се прикажат најразлични индустрии во развој и можности за примена на индустрискиот Интернет и да промовира индустриска трансформација и надградба со подобар квалитет и ефикасност. Дополнително ќе се претстават и можностите на Интернет технологија, вештачка интелигенција, cloud computing, big data и анализи, 5G, IoT, AR и VR, интелигентна хардверска технологија, соработка меѓу машини и интелигентни уреди, интелигентни производни делови, интегрирани решенија и др. На штанд #2A001, Internet + ќе се претстави IoT платформата за управување со контејнари, приколки, се од возила до пакети кои се транспортираат во возилата, уникатна IoT платформа развиена од Bransys, која компаниите кои поседуваат свој возен парк или контејнери можат да ја користат за оптимизирање на нивното секојдневно работење. За време на настанот ќе се одржат и повеќе од 20 форуми и активности. Оваа година поканети се национално реномирани експерти, академици и претприемачи да разговараат за важните стратешки идеи на тема „Индустриски Интернет +“ и „Смарт +“ .

Отворената платформа на Брансис може да биде поврзана со неограничен број безжични сензори, а примената на технологијата Bluetooth 5, значително го зголемува опсегот и брзината на трансфер на податоци. Хардверот дизајниран и развиен од Bransys, е применлив за следење на средства без електрично напојување (како контејнери), благодарение на внатрешната батерија, која може да се користи и до 10 години. Во моментов, во Кина, како лидер во производство на лесни возила и еден од најголемите играчи на пазарот за контејнерски транспорт во светот, ќе се претстави уникатната EZtoTrack IoT платформа за следење, базирана на Bluetooth 5.

Дознајте повеќе за Брансис IoT решенијата и за тоа што ги издвојува од останатите компании за GPS следење и менаџирање на возен парк на www.bransys.com или на sales@bransys.com

Претходна статијаА1 Македонија го реализираше првиот повик на 5G технологија
Следна статијаLenovo ќе почне да го продава својот лаптоп со екран на превиткување до идното лето