Google

Компанијата Neverware е американска компанија која на корисниците кои уште упорно остануваат „верни“ на Windows 7 и нивните компјутери купени во време кога овој систем беше актуелен, им нуди можност да ги претворат компјутерите во „Chromebook“ уреди.

Тоа го прават преку овозможување на решение за инсталација на Chrome OS оперативниот систем од Google базиран на Chrome прелистувачот, кој има и поддршка за Android апликации. Со тоа корисниците можат да продолжат да ги користат своите стари компјутери кои на Chrome OS нема да имаат проблем со перформансите, а исто така да ја подобрат нивната безбедност, како и компатибилност.

CloudReady е наречено решението од Neverware, кое сега заедно со вработените од компанијата стануваат дел од Google, поточно тимот кој работи на Chrome OS.

Со ова корисниците сега добиваат официјално решение од Google за претворање на своите постојни компјутери во Chrome OS машини.

Ова е посебно важно за клиентите на Neverware кои во голем дел работат со образовни институции кои на овој начин бесплатно или за доста ниска цена ги „освежуваат“ своите стари компјутери.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Neverware
Претходна статијаMessages од Samsung почнува да добива поддршка за RCS системот
Следна статија„Бритиш Американ Тобако“ (БАТ) преминува во првата фаза од клиничкото испитување на вакцината за КОВИД-19
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.