Скопје, 12.07.2022 – Започна втората фаза на проектот „Зајакнување на општинските совети“ преку кој во наредните пет години ќе се реализираат низа активности за поттикнување на развојот на општините и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во локалните заедници. За остварување на овие цели ќе се работи на унапредување на капацитетите на општинските советници, директно вклучување на граѓаните во носењето одлуки, подобрување на законодавството, дигитализација на услугите, зголемена транспарентност и борба против корупцијата. Едно од клучните начела на проектот е при реализацијата на сите проектни активности во целост да се почитуваат принципите на еднаква родова застапености и еднакви можности за сите граѓани.

„Зајакнување на општинските совети“ е партнерски проект на Владата на Швајцарија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а во имплементацијата на втората фаза директно ќе учествува и Министерството за локална самоуправа. Проектните активности ќе се спроведат во вкупно 40 општини, кои ќе бидат избрани на транспарентен начин и согласно дефинирани критериуми. Јавниот повик за избор на првите 10 општини кои ќе се вклучат во проектот е веќе објавен и заинтересираните локални самоуправи може да аплицираат најдоцна до 21 јули.

Во партнерските локални самоуправи ќе се спроведат специјализирани обуки за советниците и ќе се имплементираат дигитални алатки за поголема транспарентност во работењето. Дополнително, во овие општини ќе се организираат и Форуми во заедницата, преку кои граѓаните директно ќе изберат приоритетни локални проекти за чија реализација се предвидени неповратни грантови. Сепак, придобивки ќе има целокупниот систем на локална самоуправа, со оглед на тоа што онлајн обуките за советниците и веб платформата за објавување финансиски податоци се достапни за сите општини во државата.   Конечната цел и мисија на проектот е изградба на транспарентни, отчетни и автономни локални самоуправи кои на прво место ги имаат потребите и интересите на граѓаните.

Втората фаза на „Зајакнување на општинските совети“ ќе се реализира во периодот 2022 – 2027 година со вкупен буџет од 6,7 милиони американски долари. Најдобар доказ за успешната прва фаза на проектот е третата награда на европско ниво, за влијание во подобрувањето на животот на луѓето и квалитетот на демократијата, освоена на Глобалниот самит на Партнерство за отворена власт во Сеул, Република Кореја.

Претходна статијаNASA ја објави првата слика направена од James Webb вселенскиот телескоп
Следна статијаА1 Македонија ги доби 5G фреквенциите
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments