Screenshot 2015-02-25 21.21.53

Живееме во време за кое што може да се каже дека е прилично слободно. Секој може да си го каже своето мислење, да се побуни против нешто што смета дека не е во ред. Меѓутоа, работите не се баш така како што изгледаат на прв поглед. Луѓето често имаат двојни стандарди, па слободата да го кажат своето мислење, ја искористуваат да се групираат и да се мешаат во работи кои што е во најмала рака дискутабилно дали би требало.

Реклама направена од страна на приватна компанија, за производ кои што тие го нудат на пазарот и ја имаат целосно одговорноста како ќе го презентираат и дали тоа ќе биде успешно, е забранета поради тоа што во неа е прикажана разголена и можеби поважно, прилично слаба девојка.

Рекламата е направена со цел да се промовира нивниот мобилен телефон за кој што тие тврдат дека е најтенкиот во светот. Во рекламата девојката шета низ својот стан, се облекува, а телефонот почнува да и ѕвони. Поради тоа што тој е многу тенок, таа не може веднаш да го најде каде се наоѓа.

Рекламата е забранета од страна на британската Advertising Standards Authority (ASA) агенција. Во нивното објаснување се истакнува дека рекламата не е директно поврзана со самиот производ, девојката која што е во неа е пример за објективизирање на жените. Рекламата се фокусира на тоа како актерката е облечена, а таа исто така е направена да инсинуира сексуалност.

Сепак интернетот овозможува да нешто не може да биде целосно забрането и сокриено, па рекламата е достапна на YouTube и истата можете да ја погледнете во продолжение.

Извор: The Verge, ASA

Претходна статијаStart10 – Stardock со Старт мени замена и за Windows 10
Следна статијаСудењето на деценијата: Silk Road дел – 1
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.