Слика од stockimages / FreeDigitalPhotos.net
Слика од stockimages / FreeDigitalPhotos.net

Забрана за користење на мобилните телефони додека возите автомобил е дел од законите на повеќето земји, вклучувајќи ја и нашата. Колку тоа да не им се допаѓа на возачите кои што не ретко не ја почитуваат забраната, никој не спори дека користењето на мобилниот телефон додека возите претставува закана за безбедноста во сообраќајот. Сепак нормално е да се намали концентрацијата која што при возење треба да биде целосно насочена кон една активност, возењето, доколку правите и друга работа во исто време.

Сепак според истражување направено во Калифорнија, САД во периодот од 1 Јануари 2008 до 31 Декември 2008, влијанието на мобилните телефони, односно нивното користење при возењето, е ставено под знак прашалник. Поточно, бројот на сообраќајни незгоди во периодот не бил воопшто променет, нешто што се очекува да се намали по воведување на ваква забрана. Според истражувачите, влијанието на збраната врз бројот на сообраќајните незгоди била нула.

Во Калифорнија забраната за користењето на мобилните телефони има стапено на сила од 1 Јули истата година. Истражувањето нарочно е направено во пократок период со цел да се тргнат одредени фактори кои што можат да влијаат на точноста и меродавноста на резултатите, односно излегувањето на нови и посигурни модели на автомобили, намалување на возењето поради економски кризи и слично. При мерењето на резултатите исто така земени се во предвид и периодите на дожд што може да влијае на бројот на незгоди, како и цената на бензинот која што може да влијае на бројот на автомобили во сообраќајот.

Сепак резултатите од ова истражување не тврдат дека користењето на мобилен телефон при возењето не е толку опасна работа како што се сметало до сега, иако и овој заклучок е еден од можните. Треба да се земе во предвид и тоа дека можеби поголемиот број од возачите одлучуваат да не го почитуваат правилото, па поради тоа истото не може да го даде саканиот ефект. Исто така голем број од возачите користат handsfree уреди кои што обично се сметаат како сигурна алтернатива за користење на мобилниот, меѓутоа според одредени истражувања и тие се опасни по безбедноста како користењето на мобилните без нив.

Извор: Ubergizmo, The Register, ScienceDirect

Претходна статијаЗачувајте ги работите на Facebook во новата Save листа
Следна статијаMozilla Firefox 31-ва верзија достапна за симнување
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.