За момент се помисли дека соработката помеѓу OpenAI и Џони Ајв заврши уште пред официјално и да започне, поради тргањето на страната и промотивното видео од страна на OpenAI, каде се најавува соработката.
Сепак, како што првично извести и Марк Гурман, соработката останува и нема никакви проблеми, барем помеѓу двете компании.
Причината за тргањето на промотивните материјали е тужба поднесена од компаниајта iyO, која тужи за нарушување на нивната трговска марка со користење на името io. Ова е името на стартап компанија од Џони Ајв која OpenAI ја купи и преку која ќе започне посериозната соработка.
Според iyO, името io може да направи забуна кај корисниците и поради тоа тие тужат за да не може да се користи ова име.
Инаку, iyO компанијата работи на развој на слушалки кои работат со вештачка интелигенција, па мора да се признае дека нивната тужба не е целосно нелогична.
На страната од OpenAI каде беше најавена соработката, сега стои само кратко известување:
„Оваа страница е привремено недостапна поради судска наредба како резултат на жалба за трговска марка од iyO во врска со нашата употреба на името „io“. Не се согласуваме со жалбата и ги разгледуваме нашите опции.“