Tesla
Фото: Tesla
Tesla
Фото: Tesla

По претставувањето на Tesla Semi и Roadster-от од втора генерација оваа есен, Елон Маск најавува уште еден комплетно електрифициран модел. Се работи за пикап верзија која ќе ја комплетира понудата на возила на Tesla.

Првиот човек на компанијата се обврза дека ќе почне да работи на развој на овој проект, штом биде комплетиран Model Y. Тој со своите следачи на Twitter сподели дека идејата е стара 5 години и дека освновниот дизајн и клучните елементи веќе ги има замислено. Што се однесува до димензиите, Маск отрки дека новиот пикап би можел да се спореди со популарниот Ford F-150.

Ваквите наводи се потврда на претходните најави од компанијата. Претходно годинава тој соопшти дека има план да претстави нов вид на пикап. На промоцијата на камионот Semi во ноември, тој дури покажа фотографија со концепт за новиот пикап. Дизајнот на новиот модел на фотографијата очигледно потсетува на дизајнот на својот „роднина“ Semi.

Во секој случај, ваквиот план нема да биде почне да се реализиран пред 2020-та година кога се очекува финиш на развојот на Model Y. Имено, Tesla е во напредна фаза на развојот на овој SUV модел.

Извори: TechCrunch, Engadget

Претходна статија,,Биди DELL од хуман проект” – реализирана донацијата на купувачите на DELL
Следна статијаOpera ќе блокира нелегално копање криптовалути