Фото: Македонски Телеком

Дојче Телеком е посветен на обезбедување дополнителна вредност во секојдневниот живот на луѓето, со тоа што нуди многу повеќе од комуникациски услуги за корисниците. Во партнерство со Wolt, компанија којашто е позната по својата платформа за локална трговија, Телеком на своите корисници им носи уште повеќе поволности и предности. 

Македонски Телеком им се приклучува на останатите оператори на Дојче Телеком во Европа и преку партнерството со Wolt на корисниците им обезбедува ексклузивна понуда достапна само преку програмата за поволности и подароци, Magenta Moments во апликацијата Telekom MK.  

Што добиваат корисниците на Македонски Телеком? 

Сите корисници на Македонски Телеком можат да уживаат во ексклузивната понуда достапна само преку Magenta Moments – 12 месеци бесплатна членарина за услугата Wolt+. Со бесплатната членарина за Wolt+, корисниците, кога нарачуваат од Wolt, ќе можат да уживаат во бесплатна достава од широкиот избор на локални ресторани, продавници за храна и намирници достапни во портфолиото на Wolt.

Со вклучувањето на Wolt во Magenta Moments, Телеком ја носи оваа популарна платформа за локална трговија и достава на дофат на корисниците, овозможувајќи им дополнителна и уникатна вредност на пазарот и секојдневни заштеди, при тоа олеснувајќи им го пристапот до она што им треба, токму во моментот кога им треба. 

Достапни пазари 

Придобивките од ова партнерство ќе бидат достапни за членовите на Magenta Moments на следниве европски пазари: Македонија, Хрватска, Австрија, Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. 

Претходна статијаКористењето на вештачка интелигенција од страна на докторите ја намалува нивната способност за дијагностицирање
Следна статијаОбединетото Кралство се откажа од барањето за „заднински пристап“ до шифрираните податоци на корисниците на Apple