Фото: Македонски Телеком

Македонски Телеком и Министерството за дигитална трансформација организираа заедничка работилница за креирање иновативно решение базирано на вештачка интелигенција (AI) за полесно пребарување на отворениот портал data.gov.mk. На решението работеа дигитални таленти и инженери од Македонски Телеком и студенти- волонтери во министерството коишто се вклучени во работа на национални проекти за дигитализација.

„Со оваа иницијатива, покажуваме како соработката помеѓу институциите, приватниот сектор и младите таленти може да резултира со конкретни, корисни решенија за граѓаните. Решението базирано на вештачка интелигенција ќе го олесни пристапот до податоците на порталот data.gov.mk и претставува чекор напред во нашата заложба за транспарентност, дигитализација и ефикасна јавна администрација. Благодарен сум на Македонски Телеком за партнерството и на волонтерите од нашето Министерство што со ентузијазам се вклучија во овој процес – ова е пример како заедно ја градиме дигиталната иднина на нашата земја.“ – изјави Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. 

Решението – „AI асистент“ ќе им овозможи на граѓаните полесен пристап и полесно пребарување на податоците што се достапни на платформата data.gov.mk. Платформите за отворени податоци овозможуваат податоците да се систематизираат и да се објавуваат на лесно разбирлив начин, што овозможува понатамошна анализа и користење од различни корисници, вклучувајќи и граѓански организации и компании. Новиот AI асистент ќе овозможи и подобрување на услугите и ефикасноста во јавниот сектор преку полесен и побрз пристап до информациите.

Фото: Македонски Телеком

На работилницата, студентите работеа под менторство на професионалци од Телеком и го адаптираа и го тестираа AI асистентот којшто користи OpenAI GPT технологија за обработка на барањата и испорака на структуриран одговор кон корисниците. AI асистентот ќе биде достапен за сите граѓани наскоро. 

„Со ова иновативно AI-решение, ја олеснуваме достапноста до важни податоци и ја поттикнуваме транспарентноста и дигиталната вклученост. Нашите дигитални таленти и инженери, заедно со младите волонтери од министерството, покажаа како со соработка може да се создадат напредни технолошки решенија. Но, ова е само еден чекор, ние ќе продолжиме да го зајакнуваме партнерството со Министерството за дигитална трансформација, со што ја зајакнуваме нашата посветеност да работиме за заедничка дигитална иднина за сите граѓани“. – изјави Горан Марковиќ, Главен извршен директор на Македонски Телеком.  

Работилницата се организираше во пресрет на „Western Balkan Digital Summit, Skopje 2025“, којшто почнува утре под покровителство на Министерството за дигитална трансформација, а се реализира во партнерство со Македонски Телеком. 

Претходна статијаMicrosoft 365 апликациите добиваат интеграција со Copilot „ВИ агенти“