Како професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Трајковиќ веќе години наназад го води предметот Претприемништво – предмет што инспирирал бројни млади луѓе да го направат првиот чекор кон создавање на свој сопствен бизнис.

Во епизодата се отвораат теми како:

  • како академијата може да биде поттикнувач на иновација,
  • процесот на основање на ФИНКИ,
  • изградбата на претприемачка култура во Македонија,
  • што значи вистинска иновација и како стартапите можат побрзо да ја валидираат својата идеја,
  • перспективата за иднината на ИТ индустријата и стартап екосистемот кај нас.

Зошто да ја гледате епизодата?

Ова епизода е инспиративна лекција за сите кои сакаат да разберат како знаењето, визијата и образованието можат да станат двигатели на иновација и претприемништво. Проф. д-р Трајковиќ низ својот личен пример и работа покажува како академските институции можат да ја поттикнат претприемачката енергија кај младите. Ако сте дел од стартап заедницата, студент или идeн претприемач, оваа епизода е за вас.

Стартап Револуција е подкаст создаден и реализиран од Стартап Клуб Скопје – првиот централен претприемачки хаб во Македонија, кој има за цел да го зајакне македонскиот стартап екосистем преку инспирација, практично знаење и споделување искуства од релевантни претприемачи, инвеститори и експерти.

Стартап Клуб Скопје со своите активности продолжува да биде столб на стартап заедницата во Македонија. Поткастот Стартап Револуција е само еден од многуте начини на кои клубот го поддржува претприемачкиот дух.

За повеќе информации и за да ја гледате најновата епизода, посетете го официјалниот канал на Стартап Клуб Скопје на YouTube или гледајте ја во продолжение:

Претходна статијаTSMC го претстави нивниот 1.4nm производствен процес за чипови кој ќе почне да се користи од 2028 година
Следна статијаNetflix воведува титлови кои ќе го прикажуваат само дијалогот во филмовите и сериите