Се случува кога најмалку очекувате: излегувате од дома, вадите паричник… и срцето ви застанува бидејќи картичката ја нема. Веднаш ви се случува наплив од емоции, во милисекунда стрес, паника и милион прашања во главата: „чекај, кај вадев паричник?“, „дали ја оставив дома?“, „кога ја користев последен пат?“.  Додека да ги одговорите тие прашања, па дури и ако навистина сте ја загубиле, процедурата да се осигурате дека сретствата ви се безбедни сега е едноставна со дигиталното решение Веб сервис (Web Service). Веднаш можете да направите блокирање на вашата платежна картичка, буквално за неколку секунди, и тоа директно од телефонот.

Паметна услуга, лесна употреба

Дигиталната услуга Веб сервис овозможува лесно поврзување, моментална проверка и промена на статусот или лимитите на вашата картичка, без повикување на контакт центар, без посетување на филијала, и без формалности и чекање во ред. Сè што ви треба е пристап до мобилното банкарство.

Интеграцијата е направена така што и банките и корисниците добиваат едноставна, сигурна и интуитивна услуга. Не ви треба техничко знаење – системот е дизајниран да ви помогне и понуди лесна процедура која нема да ве оптовари.

Безбедноста пред сè

Секако, кога станува збор за финансиите, безбедноста е на прво место. Затоа оваа услуга користи шифрирана комуникација и ги следи највисоките стандарди за заштита на податоци. Вашата картичка, вашите трансакции и вашите лични информации се сигурни и под ваша контрола. Сега, во секое време и каде било да се наоѓате, можете да имате увид во статусот на картичката или да ги промените параметрите за плаќање. Тоа ви дава дополнителна безбедност и контрола врз вашите средства бидејќи во случај на сомнителни активности, можете веднаш да ја блокирате или да го прилагодите лимитот на картичката според моменталните потреби. Системското решение на оваа услуга е стабилно, проверено и подготвено да одговори на зголемените потреби за дигитална достапност, без компромиси во поглед на сигурноста. 

Придобивки за сите – и за корисниците и за банките

Веб сервис е одлично дигитално решение и за корисниците и за банките. Со автоматизација на рутинските барања, значително се намалува оптоварувањето на одделите за корисничка поддршка, со што банкарските работници добиваат повеќе време за квалитетна комуникација и решавање на покомплексни ситуации, додека вие како корисници добивате побрза и поквалитетна услуга.

Контролата е кај вас

Услугата Веб сервис е вистинска дигитална трансформација, не само технолошки туку и како вистинско олеснување во секојдневието. Сакате да го зголемите лимитот пред вашето патување? Да ја блокирате картичката додека ја барате низ ташната? Или пак само да проверите нешто заради мирна совест? Сега можете тоа веднаш да го сторите и секој пат кога ви е потребно, без објаснувања и чекање.

Со воведување на вакви услуги, банкарскиот сектор прави голем чекор кон модернизација и дигитална трансформација, носејќи ја удобноста, сигурноста и ефикасноста директно во рацете на клиентите. Услугата Веб сервис е овозможена за партнерските банки на КаСис – единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички. 

Претходна статија„Макпетрол“ со трета по ред награда за општествено одговорната кампања „Крени Глас“
Следна статијаЛетната сцена „Славиша Кајевски“ со хуманитарен карактер