Скопје, 9 нооември 2023 г. – Samsung Electronics денеска ја претстави крајната верзија на уникатниот кинематографски проект „Epic Worlds“ снимен исклучиво со телефонот Galaxy S23 Ultra, кој ја доловува суштината на неколку различни филмски жанрови и ги редефинира можностите за креирање содржина на мобилен уред. Речиси целосно финансиран со заеднички придонес уште пред деловите да се монтираат во целина за денешното претставување, „Epic Worlds“ е доказ за моќта на отворената соработка.

Во центарот на овој нов пристап на раскажување приказни е краткиот централен филм со Ема Мејерс (позната по нејзината улога во серијата „Wednesday“ на Нетфликс) на патување низ жанровите како филм ноар, научна фантастика, вестерн, фантазија и акционен трилер. Мејерс е главниот лик, но главниот херој е функцијата Nightography на Galaxy S23 Ultra. Благодарение на неприкосновената способност да снима сцени со слаба осветленост, Nightography нуди јасност и детали со вистински кинематографски квалитет.

Покрај тоа, централната приказна инспирираше дополнителна содржина. Како одговор, локални инфлуенсери од тимот Galaxy ширум светот снимија свои сцени со телефонот Galaxy S23 Ultra, кои беа комбинирани со централниот филм и така се создаде спектаклот наречен „ Epic Worlds“.

„Среќена сум што Samsung ме покани да бидам дел од тимот Galaxy. „Употребата на паметен телефон за да се направи таков исклучителен краток филм беше навистина неверојатно и јас сум многу среќна со резултатите и целиот процес“, рече Мејерс. „Ме привлекуваат уникатни проекти, па работата со Samsung ми овозможи да ја искористам таа креативност и да ги охрабрам другите да го сторат истото правејќи свои кратки филмови. Едвај чекам сите да ја видат последната компилација на „Epic Worlds“, бидејќи тоа е соработка на сосема ново ниво“.

„Ова е навистина неверојатно“, рече Зи Нтули, режисерот на централниот краток филм во проектот „Epic Worlds“. „Апсолутно сум воодушевен од тоа што овој Galaxy уред може да направи. Посебно сум импресиониран од перформансите на телефонот при слаба осветленост. Едноставно, Nightography е совршена карактеристика“.

Овој проект е продолжение на успешните претходни кампањи под името „Снимено #соGalaxyуред,“ во кои Samsung се здружи со истакнати филмаџии за да ја демонстрира моќта на Galaxy уредите да создаваат содржини на кинематографско ниво. „Epic Worlds“ се надоврзува на тоа наследство со смелиот став дека создавањето одлична содржина ја надминува моќта и квалитетот на сликата, а исто така вклучува креативна заедница и дух на соработка, што Galaxy секако го поттикнува.

„Epic Worlds“ е покана до креаторите на содржини да ја искористат моќта на Galaxy уредите и да ги претворат своите најимагинативни идеи во реалност. Со Galaxy, креирањето професионална содржина е достапно за секого и секаде.

Крајната верзија на компилацијата „Epic Worlds“ може да ја погледнете тука. Централниот краток филм со Ема Мејерс можете да го погледнете на YouTube.

Претходна статијаМотоцентар и Ист Гејт Мол со апел – да ја победиме сообраќајната некултура
Следна статијаСо преку 30 говорници и 600 домашни и странски гости во вторник ќе се одржи најголемото 6. издание на Конференцијата за е-трговија