Последниве неколку денови една од главните теми во светот на технологијата беше желбата на Broadcom да го преземе Qualcomm. Ова особено добива на тежина поради тоа што двата се жестоки конкуренти на пазарот на чипови, особено во делот на телекомуникациите и мрежно поврзување и реално, ниту една компанија не е особено многу поуспешна од другата.

Како и да е, во очи на судскиот спор на Qualcomm со Apple за минати патенти, дел од средствата на Qualcomm беа замрзнати, што отвори шанса за купување на компанијата за помалку пари отколку што е вистинската вредност. Токму ова и беше одговорот на бордот на директори на Qualcomm на понудата на Broadcom од 130 милијарди долари – дека тоа е далеку од реалната вредност на компанијата.

Да потсетам, Qualcomm е една од најуспешните компании во мобилната телефонија, која има особено голем дел од пазарот на чипови за паметни телефони, а има и напредни технологии кои вклучуваат развој на 5G мрежа и иновативни решенија за IoT уредите. Од друга страна, спојувањето, односно купувањето од страна на Broadcom би ја направило новата компанија најголема во светот, рамо до рамо со Intel и Samsung.

Засега не е јасно дали Broadcom ќе ја покачи понудата и дали таа ќе биде прифатена од Qualcomm, но такво нешто би можело да се очекува. Сепак, според зборовите на аналитичарот Стивен Ентвисл, оваа зделка би била лоша и за двете компании бидејќи би го спречила развојот на Qualcomm во други сектори, односно надвор од мобилната телефонија, каде полека почнува да губи чекор со конкуренцијата.

Поточно, според него купувањето на NXP од страна на Qualcomm е многу подобра зделка (која веќе се спрема подолго време) отколку спојувањето со Broadcom, бидејќи ќе овозможи понатамошен развој на компанијата.

Извор: TechnoBuffalo, TechCrunch, CNBC

Претходна статијаSamsung Galaxy A5 пристигнува наскоро, ќе има издолжен дисплеј со мала рамка
Следна статијаApple развива 3D ласерски сензор за подобрена „изменета реалност“ во iPhone-ите од 2019

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.