Скопје, 5 јуни 2025 – На својата 23 седница, одржана на 05.06.2025 година, Агенцијата го донесе Правилникот за формата и содржината на пријавата за упис во регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали и за начинот на водење на регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали.
Агенцијата ги повикува сите издавачи на онлајн медиуми-интернет портали да постапат согласно донесениот правилник, односно да поднесат до Агенцијата Пријава за упис во Регистарот. Условите коишто треба да ги исполнат издавачите на онлајн медиуми-интернет портали за да бидат впишани во Регистарот се утврдени во член 5 од Правилникот.
Правилникот и Пријавата се објавени на веб страната www.avmu.mk во банерот онлајн медиуми – интернет портали.
АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ