За децата светот е едно големо игралиште полно со можности, каде секој е добредојден. Децата не поставуваат граници – тие ги рушат со отвореност и разбирање.
Помалите деца не гледаат проблеми каде поголемите велат дека ги има. Тие не знаат за предрасуди и не им е важна возраста, бојата на кожа, полот или националноста.
Токму тоа и го покажува социјалниот експеримент на Телеком, кој можете да го погледнете во видеото подолу.
Кога се навистина мали, децата ги забележуваат разликите, но ги прифаќаат со отвореност и разбирање. Поделбите стануваат фактор во нивните животи дури откако тие ќе научат за стереотипите и предрасудите кои ги имаат возрасните, нивните родители и опкружувањето.
Отвореното и чисто размислување на малите деца треба да ни биде инспирација на сите и секој од нас може да #НаправиМесто за подобар свет.