siri

Една од интересните карактеристики на Siri е можноста да поставите разни прашања на кои што често можете да добиете интересен одговор. Меѓутоа никој не би ни помислил дека на некого може да му текне да постави прашање, како што е случајот со 20 годишниот Pedro Bravo, студент од Florida. Тој е обвинет за убиство на неговиот цимер во Септември 2012 година, во кое што судење оваа недела се откриени додатни и интересни докази.

Според полицијата, периодот кога е извршено убиството на Christian Aguilar, Bravo има поставено прашање на Siri кое што гласело: „Треба да го сокријам мојот цимер“. Работите да бидат уште почудни, Siri на тоа има одговорено со прашањето: „Какво место барате?“, „Мочуришта, резервоари, леарници, депонии“. Исто така од истражувањето на информациите кои што се достапни на неговиот телефон, откриено е дека неговото тврдење за тоа каде се наоѓал за време на убиството не е точно, а исто така во тој период тој повеќе пати ја има користено светилката на телефонот.

Pic_1

Извор: The Independent, Ubergizmo, Wpxi

Претходна статијаSwarm за Windows Phone 8.1 достапна за симнување
Следна статијаOM/ONE: Првиот лебдечки Bluetooth звучник
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.