Next-generation-Wireless-fb-cover

Сеавус и Сеавус едукативниот и развоен центар (SEDC) ја организираат својата прва конференција за нови безжични технологии „Next generation wireless“ која ќе се одржи на 5-ти декември 2015 г. со почеток од 10:00 часот во просториите на Сеавус Инкубаторот во Скопје.

На конференцијата ќе бидат претставени најнови сознанија и истражувања на ова поле, опфаќајќи теми од Wi-Fi на 60GHz до ултра брза комуникациска 5G технологија, како и практики од индустријата. Предавачи на конференцијата „Next generation wireless“ се врвни македонски и интернационални експерти кои ќе презентираат на следните теми:

  • „Вмрежено општество – 5G и пошироко“ – Игор Тасевски, Директор и раководител на хардверски дизајн во Лунд – Ериксон, Деловна единица за радио;
  • „5G: концепти и решенија“ – проф. д-р Лилјана Гавриловска, Раководител на Институтот за телекомуникации при ФЕИТ, УКИМ;
  • „Потенцијали, предизвици и врвни решенија кај комуникации на 60GHz” доцент д-р Никола Рендевски од Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола;
  • „Сигурносни аспекти на 5G мрежи“ – проф. д-р Александар Ристески од Институтот за телекомуникации при ФЕИТ, УКИМ;
  • „ Оптималнa имплементација на широкопојасната безжична технологија во сооднос со трендовите за сообраќај во мрежата на Македонски Телеком” – Лазар Динов, Директор за развој на мрежи и услужни платформи, и Горан Јорданоски, Раководител за планирање и имплементација на пристапни мрежи во Македонски Телеком АД Скопје.

Влезот на конференцијата е бесплатен, но потребна е резервација на следната веб страна: http://career.seavus.com. Конференцијата ќе се одвива на англиски јазик.

За Сеавус:

Сеавус е компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Компанијата брои преку 600 ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот. Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS/OSS, CRM, CEM, Business Intelligence решенија, ALM, Embedded програмирање, бизнис и потрошувачки производи, мобилни апликации и гејминг решенија, Managed Services, како и консалтинг и развој на апликации по барање на клиентите. Во портфолиото на Сеавус се вбројуваат над 3.500 клиенти, меѓу кои светски телеком оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн.

За Сеавус едукативен и развоен центар (SEDC):

Сеавус едукативен и развоен центар (SEDC) е водечки едукативен и тренинг центар во Македонија и во регионот, специјализиран за обуки во областа на информатичка технологија и бизнис менаџмент. Носител е на меѓународни лиценци и сертификати од светски познати брендови со кои соработува во реализацијата на своето широко портфолио.

Обуките и консултантските сервиси кои SEDC ги обезбедува за бизнис заедницата, јавните институции, но и помладата популација, се дизајнирани и прилагодени на специфичните потреби на клиентите со што SEDC се етаблира како посакуван партнер.

SEDC е авторизиран центар во Македонија за одржување на информатички обуки и “Learning Partner” на Microsoft, Cisco, Adobe, Oracle, Linux и CompTIA, што е потврда за експертизата на SEDC во доменот на ИТ едукација. Исто така, SEDC е авторизиран VUE, Prometric, Certiport и ECDL тестинг центар.

Покрај бизнис и ИТ обуките, во рамки на SEDC успешно функционираат и 3 Aкадемии: Академија за Дизајн со 3 студиски програми: графички, веб дизајн и 3D моделирање, анимација видео продукција и постпродукција, Академија за Програмирање со насоката веб програмер, а од неодамна, како дел од Сеавус Александрија и Академијата за Компјутерски мрежи има насоки мрежен инженер и мрежен техничар, чии предавања годишно ги посетуваат преку 100-на посетители.

Претходна статијаКомпанијата Humai сака да „воскреснува“ луѓе со помош на вештачка интелигенција
Следна статијаШто после инсталирање на Windows 10 ?