Фото: Shutterstock.com

Дигитализацијата на компаниите во денешно време е само прашање на кога, а не дали. Искористувањето на алатките кои ги нуди технологијата доведува до олеснување на работниот процес, а компаниите можат повеќе да се насочат кон развојот и подобрувањето на конкурентноста и заработката.

Иако во 2021 би очекувале дека скоро и да нема компании кои не ја користат во денешно време лесно достапната технологија за подобрување и олеснување на нивната работа, сепак ситуацијата на терен покажува нешто друго. Процесот на дигитализација се случува, но сепак остава уште доста простор за да може да се каже дека компаниите ги искористуваат предностите на 21от век.

Македонски Телеком, компанија со една од најдобрите понуди на пазарот од областа на дигитални услуги, направи истражување на нашиот пазар за тоа колку од компаниите ги искористуваат предностите кои им ги овозможува технологијата.

Дигиталниот индекс го отсликува нивото на дигитална зрелост на една компанија, кој може да се движи од 0 до 100, а колку е повисок индексот толку користењето на дигиталните услуги е повисоко. Истражувањето покажа дека во земјава колку една компанија е поголема има повисок Дигитален индекс, а дека малите и средните компании имаат понизок индекс и дека многу помалку користат дигитални услуги.

Анализата беше насочена кон испитување колку македонските компании ги практикуваат дигиталните сегменти како на пример: онлајн комуникација, онлајн маркетинг, безбедносни услуги, доверливи услуги, користење на софтвер и серверски услуги и колку тие се свесни за нивната важност како услов за нивен деловен развој.

Од истражувањето произлегоа и неколку интересни заклучоци, како на пример дека компаниите со над 30 години постоење имаат воспоставено добра дигитална пракса, потоа дека Пелагонискиот регион има најголема застапеност на дигитално зрели компании, додека Југозападниот регион од земјава најмала. Од секторите највисок дигитален индекс има градежништвото, додека најнизок малопродажбата. Додека на национално ниво компаниите се класифицираат како компании со средна дигитална зрелост и просечна вредност на ДИ од 40,1.

Дури 37% од компаниите со 1-9 вработени не практикуваат дигитални алатки, 93% од нив немаат online плаќања ниту пак користат онлајн заштита. Архивираат рачно, а тоа го прават на локални комјутерски сервери. Се’ уште голем број компании од овој сегмент немаат ни своја веб страна, немаат профили на социјалните платформи, ниту пак се грижат за безбедноста на своите податоци, покажа истражувањето.

Спротивно на нив дигитално зрелите компании, истражувањето покажало дека благодарение на практикувањето на дигиталните алатки поуспешно се справиле со Ковид кризата и побрзо се вратиле во нормала, а имале и помал пад на приходите за разлика од малите и средно големите NonDigital компании.

Цената, поддршката и едноставноста се најголемите предизвици со кои се соочуваат компаниите за поинтензивно користење на дигиталните услуги и дигитализацијата на бизнис процесите.

Генерален заклучок од истражувањето е дека се’ уште е потребна едукација за потенцијалите и можностите кои ги нуди дигитализацијата, посебно за малите компании, старт ап компаниите, компании од сектор малопродажба, хотели ресторани и професионални услуги. Клауд услугите, дигиталните сертификација, архивирањето, безбедноста на податоците, сигурната онлајн комуникација се сегменти кои можат многу да им помогнат на малите и средните компании, а тие сепак да се охрабрат повеќе да ги користат.

Претходна статијаЗапочна глобалниот натпревар Huawei Next Design Awards 2021, дефинирајќи ја естетиката на иднината
Следна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Совети за повозрасни возачи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.