Македонски Телеком го продолжува позитивниот тренд на раст и развој во сите сегменти и во првото полугодие од 2023 година. Нашиот главен стратешки фокус останува на интензивното ширење и зголемување на капацитетот и квалитетот на мрежата, особено на оптичката и 5G инфраструктура, за да обезбедиме уште подобро корисничко искуство.

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA), којашто минатата година бележеше пад, во првите шест месеци од 2023 е зголемена за 7,7 проценти споредено со истиот период минатата година. И нето добивката е во пораст од дури 29,8 проценти.

Вкупните приходи од продажба се стабилни, во чии рамки се бележи раст на приходите од основниот бизнис од 6,3% во мобилниот сегмент и 3,5% во фиксниот сегмент.   

Фокус на интензивно ширење и развој на мрежата

Супериорноста на мрежата останува стратешки приоритет и продолжува интензивното ширење на оптичката и 5G инфраструктура. Во првите 6 месеци од годината, бројот на оптички пристапи е зголемен за 11% и изнесува 290 000. Ова е резултат на планот за масовна миграција на корисниците од бакар на оптика во сите делови од државата каде што има оптичко покривање.

Продолжува ширењето и на 5G мрежата, којашто сега е достапна во поголемиот дел од земјата, а до крајот на годината ќе покрива 70% од населението. 

Фокус на зголемувањето на базата на корисници

Во првите 6 месеци од годината, бројот на корисници се зголемува во сите сегменти, што  е потврда за задоволството на корисниците измерено со TRI*M индекс од 94.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 2,8  проценти и изнесува 206,2 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи исто така порасна за 2,8 проценти. 

Остануваме лидер на ТВ пазарот со удел од 33,8 проценти и раст од 1,2 проценти или 148,7 илјади корисници. Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена за 3,1 проценти, со што бројот на корисници достигна 1,27 милиони. Во фиксната телефонија, остануваме на водечката позиција со удел од 61,5 проценти и 225 илјади корисници. 

„Одличните финансиски резултати од првото полугодие на 2023 година ја потврдуваат нашата долгорочна стратегија за континуирани инвестиции во развојот на најдобрата мрежа и во супериорно корисничко искуство. Остваривме раст на бројот на корисници во сите сегменти и интензивен развој на оптиката, 5G технологијата и пристапот до широкопојасен интернет. И покрај сите предизвици коишто денес влијаат врз бизнисите на глобално ниво, имаме стабилен раст и развој и верувам дека ќе го продолжиме овој тренд и до крајот на годината“ – истакна Славко Пројкоски, Главен директор за финансии на Македонски Телеком.

Претходна статијаX сака да биде извор на заработка за интернет „креаторите“
Следна статијаMicrosoft по грешка објави алатка со која може да се вклучуваат сокриени функции во Windows 11