Internet_of_Things

Internet of Things или Интернет на нештата е име кое што се користи за опишување на трендот на вклучување на се повеќе уреди на интернет и помеѓу себе. Поточно, покрај компјутерите и мобилните уреди, во последно време може да се види како интернетот и поврзаноста влегува во домовите преку останатите уреди како што се фрижидерите, клима уредите, сијалиците, шпоретите, бојлерите и повеќе. Овие уреди стануваат дел од групата на паметни уреди, односно и нашите домови полека стануваат паметни домови чии што уреди можеме да ги контролираме од било која локација поврзана на интернет.

Овие уреди се поврзуваат на интернет, како и помеѓу себе користејќи разни безжични технологии како Wi-Fi, Bluetooth и слично. Меѓутоа поради тоа што овој пазар е нов не постојат стандарди за нивната работа, па како и во многу други ситуации, тоа може да доведе до одредени проблеми и некомпатибилности.

Со цел стандардизирање на уредите дел од Интернет на нештата Inel, Samsung, Broadcom, Dell и други ја формираа непрофитната група наречена Open Interconnect Consortium. Оваа група која што со тек на време треба да го зголеми својот број на членови, треба да работи на развојот на стандарди и сертифицирање на уредите кои што ќе се поврзуваат меѓу себе и на интернет. Со тоа треба да се зголеми компатибилноста, а како што нагласуваат од Inel и сигурноста на уредите.

Оваа група е формирана само неколку месеци по формирањето на AllSeen Alliance групата која што ја има истата цел. Оваа група е формирана од страна на Linux Foundation и во неа веќе членуваат повеќе од 50 компании меѓу кои и Microsoft, LG, Qualcomm, Panasonic, Sharp, TP-Link, HTC, Cisco, D-Link и повеќе.

Постоењето на повеќе вакви групи ја намалува придобивката за нивното постоење, посебно кога на тоа ќе се додадат и Apple и Google кои што не членуваат во ниту една од нив. Тоа значи дека на постоењето на два различни стандардизирани начини на работа, треба да се додадат и посебно развиените од компаниите кои што нема да се приклучат на некоја од групите.

Извор: Cnet, VentureBeat, Reuters

Претходна статија4,7 инчен преден панел за iPhone 6 прикажан на видео ?
Следна статијаПроизводи од Microsoft на кои што им истекува поддршката
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.