(Скопје, 12.01.2017) Илирика на својот Годишен инвеститорски состанок ги презентираше резултатите од минатата година и проекциите за 2017та година. Чекорите кои Илирика ги превзема веќе неколку години ја ставија компанијата на меѓународната сцена и затоа реномираниот магазин Investors Review за 2016та година ја избра Илирика помеѓу најдобрите инвеститорски финансиски институции. Илирика ги доби признанијата за Fund Elite, Single Manager и Finest in Finance. Овој магазин е дел од медиумскиот холдинг AI Global Media кој издава публикации во 170 држави во светот и имаат околу 2 милиони претплатници.

Вложувањето во акции на берзата или акциски инвестициски фондови е чекор кон стабилен менаџмент на личните фондови кои постепено растат во соработка стручни советници. Долгогодишното локално и меѓународно искуство и признанието од интернационални организации ја одразуваат довербата во Илирика. Илирика фунд менаџмент овозможува лична соработка со идните инвеститори и согласно преференциите на клиентот соодветно управува со ризиците преку професионално обучен персонал. На сите пазари каде Илирика е присутна, како високо-стручна финансиска институција обезбедува лична и ефикасна услуга која ги исполнува барањата на дури и најпребирливите клиенти. Со стручноста, знаењето и со богатото искуство на инвеститорите Илирика обезбедува чесно, сигурно и промислено управување со имот.

Илирика како врвна финансиска институција во Македонија нуди високо ниво на инвестициски услуги на Македонскиот пазар. Присутните на Годишната инвеститорска средба ја имаа можноста да се запознаат со најновите информации од македонската и светската берза. Илирика ги претстави успесите од минатата година и чекорите кои ќе ги преземат во новата година согласно нивните проекции. Илирика е број 1 брокер на Македонската берза за 2016та година со пазарен удел од 29%, а Друштвото во текот на 2016 година го доби јубилејното признание од Македонската Берза, по повод 20 години Македонска берза, како друштво со најголем промет од основањето на берзата.

Претходна статијаПротечени фотографии и информации за Huawei P10
Следна статијаПР совети за македонските стартапи: Добрата репутација е Вашиот прв инвеститор