Во август оваа година, Nokia го продаде делот од својата компанија кој што е задолжен за развојот на познатите HERE мапи. После повеќе шпекулации за тоа кој се може да е во игра за нивно купување, од компанијата се одлучија тоа да биде групација составена од неколку производители на автомобили, односно AUDI AG, BMW Group и Daimler AG.

Од оваа недела, поточно од вечера, зделката е комплетирана, па дури 6.500 вработени во сега издвоенaтa компанија, веќе не се дел од Nokia. Тие ќе продолжат да функционираат независно од нивната стара компанија, со поддршка на групацијата од производители на автомобили.

Преку нивниот блог, од HERE истакнуваат дека ќе продолжат со развојот на мапите, а голем акцент ќе стават на зголемување на нивната употребливост од страна на самоуправувачките автомобили.

Покрај прецизните сензори, како и вештачката интелигенција, за успешно управување на автомобилите, компјутерите имаат потреба од точни и ажурирани мапи на кои што се ставени сите можни улици на местото каде што сообраќаат.

Покрај развојот на мапите за автомобилите на иднината, HERE ќе продолжи да ги развива и нуди на обичните корисници, како и на бизнисите, преку апликациите достапни на веб и мобилните платформи.

HERE мапите станаа познати преку Windows Phone платформата, како главните мапи за овие корисници, но изминатиот период станаа достапни и на другите, повеќе популарни платформи.

TrueCar

За понатамошниот развој на мапите, од HERE ќе почнат да користат и додатни извори за нивно редовно ажурирање, покрај досегашните, како на пример автомобилите како тие на Google. Еден од тие извори се и таканаречените „анонимизирани податоци“ кои што ќе се добиваат од автомобилите на горенаведените производители.

Начинот на кој што ќе се собираат податоците е преку испраќање податоци кои што ќе бидат анонимни до облакот за локациите каде што возат овие автомобили и со тоа ќе се доградуваа мапите со потребните податоци за улиците и слично.

sensors_feat

Доколку се суди од оваа најава, купувањето на HERE од страна на автомобилските компании ќе донесе многу подобар нивен развој од било која од другите компании кои што беа во игра. Ресурсите кои што им стојат на располагање на овие компании, како и потребата за што подобар развој, ќе придонесе за подобро корисничко искуство на сите.

Извор: HERE 360, Android Central

Претходна статијаМP4-X – Концепт-болид на иднината од McLaren за Формула 1
Следна статијаApple Maps се користат 3 пати повеќе од Google Maps на iOS?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.