Глобалната медиумска компанија SPI INTERNATIONAL, која емитува 42 ТВ канали и повеќе дигитални производи на шест континенти, и која воедно е главен дистрибутер на програмски содржини за емитување низ целиот свет, ги здружува силите со Групацијата Canal+.

Групацијата CANAL+ е водечки светски оператор за платена телевизија и главен бесплатен емитувач на телевизија во Франција. CANAL+ има големо меѓународно влијание со присуство во 40 земји во Европа, Потсахарска Африка и Азија. Во Европа, CANAL+ има влијателно присуство во континентална Франција и Полска и, исто така, во 2019 се здоби со платформата M7 Group. Групацијата брои 22 милиони претплатници низ целиот свет и во последните години доживува континуиран раст на својот меѓународен бизнис. Оваа соработка ќе му помогне на CANAL+ да ја прошири својата стратегија за инвестирање во содржини за емитување, и да ги зајакне своите понуди на различни пазари, потпирајќи се на европскиот лидер Studiocanal, Kino Świat во Полска, а сега и SPI INTERNATIONAL.

Во контекст на овој договор, кој ќе овозможи комбинирање на дополнителни знаења и вештини, сегашните сопственици на SPI, Лони Фархи и Берк Узијел, ќе продолжат да го управуваат и развиваат бизнисот на SPI со поддршка на нивниот извршен комитет, додека страните ќе можат да генерираат реципрочна синергија за дополнително зајакнување на присуството на двете групации на меѓународните пазари.

Во заедничката изјава, Лони Фархи и Берк Узијел, посочија: „Тоа е многу возбудлива вест и почеток на нова ера за SPI International. CANAL+ и SPI споделуваат заедничка визија за континуиран раст и силно присуство на меѓународно ниво. Ние сме стратешки партнери со години, изградивме голема традиција на соработка и постигнување заеднички цели. Сега ќе имаме шанса да ги здружиме силите под еден покрив. SPI дополнително ќе го забрза својот раст со CANAL+ користејќи ги природните синергии. SPI International има неверојатно талентиран тим кој оствари неверојатен раст во последната деценија. Сега, со овој одличен тим и со многу ентузијазам, ние сме среќни да станеме дел од семејството CANAL+. Нашите здружени сили ќе ги зајакнат нашите веќе постоечки забавни продукти и ќе ја прошират дистрибуцијата на нашата привлечна содржина до далеку поголема публика “.

Максим Саада, извршен директор на CANAL+ Групацијата : „Соработката со SPI INTERNATIONAL е дел од стратегијата што ја спроведуваме веќе неколку години. CANAL+ во моментов има 22 милиони претплатници во над 40 земји, вклучително и 15 во Европа. Ние си поставивме за цел да достигнеме минимум 30 милиони претплатници до 2025 година, и SPI INTERNATIONAL сигурно ќе биде клучен адут за постигнување на оваа амбиција “.

Жак де Пуј, извршен директор на CANAL+ International рече: „Многу сме задоволни што ќе соработуваме со SPI. Оваа соработка означува нов стратешки чекор за развој на нашите европски содржини. Тоа ќе биде одлична можност да развиеме нови синергии и бизниси за нашите активности, особено на полскиот пазар и во земјите од Централна и Источна Европа каде CANAL+ работи преку брендовите М7 “.

Комплетирањето на оваа таканаречена трансакција, се разбира, подлежи на одобрување од релевантните регулаторни органи на засегнатите територии (вклучувајќи ги особено органите надлежни за антимонополска и контрола на спојување).

Претходна статијаИстражување: Здравството и економијата најважни теми за граѓаните
Следна статијаИнсталирајте ја финалната верзија од Windows 11 пред официјалното пуштање