Фото: The Verge

Windows 11, после тестирањето преку програмерскиот и бета каналите во Windows Insider програмата, сега е достапен и во Release Preview каналот. Во овој канал верзиите од Windows обично стануваат достапни кога се доволно спремни за повеќето корисници, а најчесто таа верзија станува и финалната верзија која им се пушта на сите корисници кои не се дел од Windows Insider програмата.

Со други зборови, Release Preview каналот е начинот на којшто корисниците кои сакаат порано да ја добијат наредната верзија од Windows, можат да ја добијат без да ризикуваат да инсталираат недовршени програмерски или бета верзии. Тоа значи дека сите кои би сакале порано да го инсталираат Windows 11, од оваа недела тоа можат да го направат и да бидат сигурни дека ја добиваат стабилната верзија која ќе биде пуштена за сите корисници од 5ти октомври.

За да го инсталирате Windows 11 прво ќе треба да проверите дали вашиот компјутер е компатибилен. Microsoft постави построги правила за Windows 11, па во главно компјутерите купени изминатите пет години ќе можат да го инсталираат.

Доколку е компатибилен, потребно е да отидете во Settings > Update & Security > Windows Insider Program. Доколку ова е првпат да се приклучите на Windows Insider програмата, ќе треба да се регистрирате на истата, инаку се што треба е да ја изберете веќе регистрираната сметка.

Потоа, важно е да го изберете Release Preview каналот, па по рестартирањето на компјутерот можете да проверите за надградби на стандардниот начин. По проверката ќе ви биде понудено да го инсталирате Windows 11.

По инсталацијата, која сепак ќе потрае одредено време, препорачуваме да изберете „Stop getting preview builds“ во Windows Update, за да не добивате тест верзии. Со тоа ќе ја имате инсталирано официјалната верзија од Windows 11 на вашиот компјутер.

Некогаш се случува Microsoft да пушти уште една надградба со понова верзија, доколку открие некои проблеми, но истите се достапни за сите.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Windows Latest
Претходна статијаГрупацијата CANAL+ со мнозински влог во SPI INTERNATIONAL
Следна статијаGoogle тестира копче за симнување на видеата од YouTube на десктоп
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.