Google најави дека има започнато партнерство со најголемиот производител на Android телефони во светот, Samsung, за воведување на нивниот RCS стандард за пораки кој е замислено да го замени застарениот SMS.

Чисто за потсетување, RCS или Rich Communication Services е нов стандард за комуникација кој треба да го замени SMS и да го донесе во 21 век. Тоа ќе го направи со функции кои често се споредуваат со iMessage од Apple, како и останатите познати „чет“ апликации. Во основа со RCS испратените пораки ќе може да се испраќаат и преку Wi-Fi, ќе може да се прават групни разговори, да се види кога другата страна пишува, како и дали ја има прочитано пораката, да се испраќаат слики во висока резолуција и видео содржина.

Соработката помеѓу Google и Samsung ќе овозможи непречена комуникација помеѓу Android Messages и Samsung Messages користејќи го RCS стандардот, се разбира кај корисниците чии оператори исто така го поддржуваат.

За почеток поддршката за RCS ќе биде достапна кај поновите уреди како Galaxy S8, S8+, Note 8, Note 9, S9 и S9+, како и кај новите модели кои ќе бидат претставени.

Кога ќе се земе во предвид дека Samsung е производителот број 1 во светот, логично е Google со нив да ја започнат соработката. Бројот на корисниците кои ќе бидат достигнати е огромен, а останатите производители подоцна ќе „мораат“ да го следат трендот.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаHuawei Mate 20 Lite – партнер и портрет на современиот млад бизнисмен
Следна статијаДигиталната трансформација – клучна за бизнисот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.