Screenshot 2014-03-05 20.10.55

Flipboard и Zite се до сега две конкурентни апликации достапни за мобилните телефони и таблет компјутерите. Flipboard посебно е позната по својот кориснички интерфејс кој што е направен да наликува на списание, како и по прелистувањето на листата на вести и статиите со ефект на вистинско прелистување на хартија. Тие работат како аграгатори на вести од разни извори кои што корисникот сам ги бира. Преку читање на вестите и нивна оценка, апликациите ги учат преференциите на корисникот и му овозможуваат повеќе персонализирано читачко искуство.

На прес известување денеска Flipboard и CNN изјавија дека склучиле договор за купување на Zite од страна на Flipboard. Zite е во сопственост на CNN од 2011 година кога ја купи оваа апликација за 20 милиони долари. Која е сумата која што Flipboard ќе ја плати сега не е официјално соопштена, а достапна е само шпекулација која што е негирана од страна на CNN, за вредност на договорот од 60 милиони долари.

Целиот тим, со исклучок на главниот директор на Zite, ќе се префрли во Flipboard. Апликацијата ќе продолжи да функционира уште краток период, по што ќе биде исклучена и сите корисници префрлени на Flipboard апликацијата. Периодот во кој што ќе продолжи да функционира ќе биде периодот потребен за интегрирање на Zite технологијата на препорака на вести во Flipboard апликацијата.

Извор: CNN Money

Претходна статијаВидео презентација на Apple CarPlay во Volvo
Следна статијаYahoo ја трга можноста за најавување со Facebook и Google ID
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.