Европската Унија за првпат ја искористи својата „Рамка за заедничка дипломатска реакција на малициозни кибер напади“, на кратко наречена „кибер дипломатска алатка“ воспоставена и засилена во 2017 година.

Преку оваа „алатка“ ЕУ и земјите членки имаат можност да воведат мерки, вклучувајќи и рестриктивни мерки со цел да спречат, демотивираат и одвратат малициозни кибер напади.

Европскиот Совет одлучи да спроведе мерки против шест физички лица и три компании, односно државни структури и структури помогнати од државата. Земјите од каде доаѓаат овие физички лица, но и организациите се Кина, Русија и Северна Кореа.

Санкциите кои се воведени вклучуваат забрани за патувања, како и замрзнување на средства. Нападите за кои се одговорни овие групи се поврзани и со неколку кои беа познати и актуелни во светот, како што е WannaCry и NotPetya.

Се пресметува дека сите овие кибер напади имаат направено штета од повеќе милијарди долари и дека имаат оштетено и спречено да работат повеќе системи, а еден од повеќе познатите случаеви беше тој со здравствените сервиси во Британија поради што беа затворени повеќе болници.

ИЗВОРMIT Tech Review
ИЗВОР 2EU
Претходна статијаПовеќе од третина од Македонците плаќаат туристички аранжмани преку интернет
Следна статијаGoogle Chrome добива подобрувања во системот за автоматско пополнување на лозинки и платежни картички
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.