
Преку омилениот начин на комуникација со јавноста, Елон Маск на Twitter објави дека од денес ќе продолжи со работа фабриката на Tesla во општината Аламеда во Калифорнија. Продолжувањето на работата на фабриката е спротивно на правилата од општината, па поради тоа можни се и санкции кои може да вклучат и апсење.
Во твитот Маск истакнува: Тесла го рестартира производството денес спротивно на правилата на опшатината Аламеда. Јас ќе бидам на линијата заедно со сите други. Ако некој е уапсен, барам да тоа бидам само јас.
Елон Маск веќе е познат по своите критики за затворањето на економијата и барањето да луѓето седат затворени дома. Тој неколку пати дава интервјуа и објавува на Twitter дека тоа што се случува е фашизам и дека луѓето се со сила затворани во своите домови. Оваа недела тој исто така излезе со ставот дека смртноста на болеста е значително помала од тоа што се мислеше, па смета дека бизнисите треба да продолжат со работа.
Инаку, за разлика од Калифорнија, која како држава ги олабави мерките, општината каде што е лоцирана фабриката на Tesla, Аламеда, одлучи да не го следи тој пример. Од општината истакнуваат дека тие ги имаат информирано Tesla дека можат да функционираат само на основно ниво и најавуваат дека компанијата може да се соочи со дополнителни мерки за спроведување на правилата.
Tesla is restarting production today against Alameda County rules. I will be on the line with everyone else. If anyone is arrested, I ask that it only be me.
— Elon Musk (@elonmusk) May 11, 2020