Македонски Телеком почнува еко-иницијатива за заштита на животната средина на 18 март, светскиот ден на рециклирањето. Целта на оваа иницијатива, во која ќе учествуваат и корисниците, е заедно да придонесеме кон намалувањето на електронскиот отпад и обновата на зелените површини во опожарените региони.

Еко попуст за рециклирање

Во сите Телеком продавници ќе се собираат старите електронски уреди и ќе се рециклираат во партнерство со Нула Отпад. За секој стар електронски уред корисниците добиваат еко попуст од 2.000 денари за купување на нов 5G смартфон. Промоцијата важи за сите постојни и нови постпејд корисници со склучување нов или обновa на договор во Доверба 24 или со Фамилијарен буџет, во период од 90 дена од денот на враќањето на стариот уред. Еко попустот може да го искористат и корисниците коишто имаат активен Договор за Фамилијарен буџет во моментот на нарачка на нов уред. Телефоните за кои важи промоцијата ќе бидат соодветно означени во онлајн продавницата на Телеком. Попустот ќе се активира автоматски при купување нов 5G мобилен телефон и може да се искористи еднаш во период од 18 месеци.

Обнова на зелените површини

Климатските промени сè почесто доведуваат до еколошки катастрофи коишто се случуваат и во нашата земја. Екстремните пожари последните неколку години опустошија голем дел од зелениот појас и упатија повик на кој треба да се одговори со конкретна активност. Паралелно со собирањето на електронскиот отпад почнува и иницијатива за пошумување. Телеком ги поттикнува  корисниците масовно да ги враќаат старите електронски уреди. За првите 1000 вратени стари уреди, ќе се засадат 1000 дрвја во опожарените региони.

На овој начин, освен во намалување на електронскиот отпад, корисниците активно учествуваат и во обновата на шумите. Целта на оваа иницијатива е заедно да делуваме за намалување на штетното влијание врз природата и да создадеме поздрава животна средина и подобра иднина за сите.

Повеќе информации за иницијативата, еко-попустот и листата на телефони можете да најдете на следниот линк.

Претходна статијаАпликациите во Android 13 ќе мора да бараат дозвола од корисникот за да прикажуваат известувања
Следна статија300 нови работни места за ИТ инженери – HTEC Group го отвори центарот за развој на технологии во Скопје