Google ја пушти првата тест верзија од Android 13 минатиот месец, со што ги добивме првите информации за што е тоа што можеме да го очекуваме од наредната генерација на Android.

Една од првите забелешки е дека Android почнува да добива одредени функции кои беа карактеристични за iOS неколку години, а нивното додавање е дефинитивно добредојдено.

Покрај ваквите новини, како што е изборот до кои слики имаат пристап апликациите, Android 13 донесува и дополнување на ланската одлична функција со која се менува бојата на иконите врз основа на боите на позадината. Со Android 13 поддршка за промена на боите добиваат сите апликации, а не само тие од Google, односно апликациите од производителот на телефонот.

Втората тест верзија од Android 13 наменета за програмерите, односно Android 13 Developer Preview 2, донесува неколку новини, а како главна може да се истакне повторно функција веќе одамна достапна на iOS.

Се работи за ново правило со кое апликациите ќе мора да побараат дозвола од корисниците пред да можат да им испраќаат известувања. Со тоа корисниците нема да мора посебно да влегуваат во Settings ако од некоја апликација не сакаат да добиваат известувања, па дозволата нема да ја дадат уште од самата инсталација.

Друга новина која привлекува внимание е поддршката за Bluetooth LE Audio, нов стандард кој треба да овозможи подобар квалитет со пониска стапка на пренос на податоци, со што на крајот треба да добие траењето на батеријата.

До официјалното пуштање на Android 13 има уште доста време, а тоа обично се случува во есен со претставувањето на новите генерации од Pixel телефоните од Google.

Официјалната објава од Google за втората тест верзија од Android 13 со сите новини можете да ја видите тука.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНовата Family Center функција на Instagram ќе им овозможи на родителите поголема контрола над сметките на нивните малолетни деца
Следна статијаЕко-иницијатива на Македонски Телеком – Заедно за заштита на животната средина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.