Фото: Proxyclick Visitor Management System преку Unsplash

Бизнис акцелераторот УКИМ (БАУ), кој во 2023 год. стана Хаб на Европскиот институт за иновации и технологии (ЕИТ), во соработка со The Learning Curve, организира настан на тема “КАКО СТАРТАПИТЕ ДА ОБЕЗБЕДАТ ПАМЕТНО ФИНАНСИРАЊЕ ВО 2025” кој ќе се одржи на 17 јуни 2025 (вторник) со почеток од 18 часот во Инокс центарот за иновации во Скопје.

На настанот ќе се соберат над 100 иноватори, инвеститори и лидери од стартап екосистемот, кои ќе споделат своите искуства и ќе дискутираат за актуелните трендови и стратегии за финансирање во претстојната година.

Присутните ќе имаат можност да слушнат експерти и успешни претприемачи кои ќе ги покријат темите:

  • Како да се пробијат бариерите за финансирање, со посебен осврт дека финансирањето не се однесува само на venture капитал фондовите,
  • Трендовите кои ќе го обликуваат стартап екосистемот во 2025 година,
  • Практични стратегии за обезбедување инвестиции од лица со докажано искуство.

Говорници на настанот:

  • Џонатан Кварлес— претприемач со над 20 години искуство, основач на The BTL Group и Quartz Water Source, компании со создадена вредност над 500 милиони долари. Џонатан ќе ги сподели своите искуства за градење профитабилен бизнис кој создава значајно социјално влијание.
  • Весна Кузмановиќ — пионер во design thinking и развој на нови производи, основач на IMPALA платформата, револуционерно behavioral AI-based решение на глобалниот пазар. Весна ќе го објасни процесот на истражување за полесен развој на производ, како и патеката за добивање инвестиции и влез на меѓународниот пазар.
  • Франка Граждани — дигитална иноваторка и ко-основач на ETH Macedonia, основач на стартапот Proximity Protocol и актуелна извршна директорка во компанијата 223. Франка ќе зборува за дигитализација на физички производи, блокчеин технологијата, Web3 и успешни практики за стартапи.
  • Александар Стамболиев — со повеќе од 26 години искуство во управување и образование, извршен директор и ко-основач на Бизнис Акцелераторот УКИМ и национален координатор на Европскиот Институт за иновации и технологии (ЕИТ). Александар ќе ја презентира улогата на ЕИТ Хабот во Македонија и актуелните повици за финансиска поддршка.

Настанот ќе понуди уникатна можност да слушнете повеќе од 4 говорници со докажано искуство, инвеститори со портфолио вредно над една милијарда долари ќе ги споделат своите сознанија, како и вмрежување со врвни претприемачи и инвеститори од екосистемот со можност за нови партнерства и соработки. Истиот ќе биде модериран од страна на Елена Костоска од The Learning Curve.

Регистрацијата е отворена, а местата се ограничени. За повеќе информации и регистрација, посетете го линкот: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeyIVAZK318iMrhLiVXfHw7YVHhXc4IssRDzn48VETsC7w7dw/viewform?

Претходна статијаiPadOS 26 донесе доста десктоп функции, но сепак во голем дел го задржа досегашниот стил
Следна статијаMKЦ ја организира третата изложба „Професори и студенти“