ALASAConceptImage2

Целта на овој проект е да овозможи многу побрзо и до три пати поевтино лансирање на мали ракети кои што се користат за носење на мал товар во орбитата на Земјата. Малиот товар се однесува на товар кој што е до 50 килограми и обично се работи за мали сателити или друга помошна опрема која што се носи до постојните сателити или вселенски станици.

Проектот на DARPA е наречен ALASA – Airborne Launch Assist Space Access program и вклучува мала ракета која што може да биде поставена на воен авион без потреба од негово прилагодување. Ракетата со авионот се носи до одредена висина, по што истата се издвојува и независно лета до орбитата на Земјата.

Screenshot 2015-02-06 12.30.43

Предноста на овој начин на лансирање на овие мали ракети е целиот процес на подготовка и трошоците поврзани со нив за стандардното лансирање на ракети. Тие обично се лансирани од прилично ограничен број на места кои што се специјално направени за оваа потреба. Припремите некогаш траат и по неколку месеци, трошоците се повисоки, а често лансирањето може да биде откажано поради временските услови.

Лансирањето на ракетите од авион овозможува нивно лансирање од било која локација каде што овие авиони полетуваат, а такви има многу повеќе. Припремите за нивно лансирање се скратуваат на само неколку денови, а трошоците до три пати. Целта на DARPA е да една вакво лансирање може да се изведе со трошоци до 1 милион долари.

Проектот е уште во развој, па сега може да се види само анимација која што е направена од страна на DARPA. Преку видеото во продолжение може да се види како е замислен концептот кој што се очекува да биде функционален во блиска иднина.

Извор: DARPA, Engadget

Претходна статијаSteve Jobs му го покажал првиот iPhone на Obama пред неговото претставување
Следна статијаFingerKey – Отклучете го вашиот Mac компјутер преку мобилниот телефон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.