Фото: Shutterstock.com

Сопственикот на TikTok, една од најпознатите апликации денес, ByteDance, се обвинети дека при развојот на својата прва апликација која доведе до развојот на TikTok, тие собирале информации од други апликации, како Instagram и Snapchat.

Се работи за собирање на стотици илјади информации како што се слики, видеа, вид на корисници и слично, нешто што сепак не е нелегално, но може да бидат тужени од засегнатите компании.

Според информациите, ByteDance ги имаат искористено овие информации за да го развијат нивниот алгоритам кој се користи во TikTok, кој може да се каже дека функционира доста добро.

Причината поради која се дава значење на оваа информација е иронијата, ако може да ја наречеме така, да компанија која собира податоци за корисници од конкуренцијата, сега има апликација која е доста поуспешна. TikTok е број 1 во светот кога се во прашање кратките видеа, а иако Reels на Instagram се доста гледани, голем дел од нив не се направени на оваа мрежа, туку се само префрлени од TikTok.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаGoogle Developers Group – Skopje го организираат „The power of hidden servers: Google Cloud Serverless Services“
Следна статијаПознатиот DeLorean ќе добие модерна и целосно електрична концепт верзија оваа година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.