Скопје, 08.07.2025 – „50 години, две легенди“ е искрена и симболична приказна за едно старо пријателство што продолжува со нова енергија. Две различни, но длабоко слични патувања – едното на сцената, другото на патот – повторно се сретнуваат, заеднички славејќи половина век посветеност, автентичност и бескомпромисен квалитет.
Во чест на петдеценискиот јубилеј – 50 години од појавувањето на BMW Серија 3 и 50 години од музичката кариера на Влатко Стефановски, M Кар BMW Македонија и Влатко Стефановски го одбележаа своето долгогодишно пријателство и доверба.
Во 2019 година, Влатко создаде автентично звучно лого инспирирано од BMW Серија 3, а денес, неколку години подоцна, оваа уметничка поврзаност добива нова форма – BMW Серија 3 Touring станува негов секојдневен придружник на претстојните патувања низ светот.

Во своето обраќање, Стефановски ја сподели својата лична приказна за поврзаноста со BMW, искуството со М Кар и важноста на квалитетниот автомобил во животот на еден музичар.
„Во 2018 година, за првпат земав BMW и од тој момент почна нашата соработка со М Кар. Искрено, се заинтересирав не само за автомобилите, туку и за целата компанија и луѓето што работат таму. Оттогаш, па сѐ до денес – навистина немам никаква забелешка, ни на автомобилите, ни на односот, ни на поддршката што ја добивам.
Ние музичарите имаме свои опсесии – мојата прва е музиката и гитарите, а втората – автомобилите и превозот. Многу е важно да се возиш во безбеден, сигурен и квалитетен автомобил, особено кога патуваш низ регионот или Европа. Откако почнав да возам BMW, станав свесен што значи вистинско искуство во возењето – тоа не е само начин да се стигне од точка А до точка Б, туку привилегија и уживање во секој километар“, истакна Стафановски.


Генералниот директор на „BMW М Кар Македонија“, Марко Јовановски, ја нагласи симболиката на заедничката соработка со Влатко Стефановски и значењето на јубилејните приказни што се спојуваат во една целина.
„Нашето старо пријателство со Влатко денес добива ново поглавје. Цениме дека 50 години од музичката кариера на гитарскиот виртуоз и 50 години од најуспешната BMW Серија 3 заслужуваат заедничка приказна. Овие јубилеи се основа за потсетување на едно емотивно патување низ пет децении – и на сцената, и зад управувачот. Патување што покажува дека квалитетот, страста и посветеноста се вредности што траат – и во автомобилската индустрија, и во музиката.

Годинава одбележуваме уште еден значаен јубилеј – 10 години континуирано присуство и успех на „BMW М Кар Македонија“ како официјален застапник на BMW и MINI. Нашето лојално BMW семејство постојано расте, а еден од најдрагоцените успеси е токму оваа посебна соработка со Влатко. Од 2018 година Влатко е дел од нашата BMW фамилија, а денес со задоволство ја објавуваме новата етапа од тоа пријателство – каде тој повторно ќе ги освојува сцените со BMW Серија 3 Touring како свој верен сопатник“, изјави Јовановски.