23 декември 2021 година, Скопје. Мусала Софт го прослави својот 6ти роденден на канцеларијата во Скопје, Македонија.

Во Мусала Софт низ целиот свет работат над 650+ софтверски специјалисти, 160+ од нив се лоцирани низ Македонија – Скопје, Битола, Охрид, Велес и низ целата држава. Фокусот на Musala Soft е нашите вработени да продолжат да соработуваат со светски познати лидери во нивните индустрии на проекти во областа на најпредизвикувачките и најбрзо растечките ИТ трендови околу дигитална трансформација – „IBM, Commerzbank, Deutsche Telekom, BMW, VW, Experian, SAP, VMware, Perkin Elmer. Да развиваат решенија во областите на Cloud, BigData & Analytics, IoT, AI / ML.

„Ако 2020 беше годината на промени и адаптација на новиот начин на работење, 2021 беше година на раст и напредок на канцеларијата во Македонија. Покрај глобалниот и регионалниот раст успеавме да го зголемиме бројот на вработени во Македонската канцеларија за 30%. Плановите за 2022 се уште поамбициозни но со одличниот тим на Мусала Софт очекувањата се дека целосно ќе ги оствариме. “ – Роберт Павлов, Director Operations – Skopje

Преку новиот начин на „работа од било каде“, Мусала ангажира вработени кои работат надвор од локациите на канцеларијата во Скопје. Александар од Битола ни сподели за неговите личен и професионален развој во компанијата –

“Имам шанса да работам на повеќе различни проекти со луѓе од сите делови на светот, придонесувајќи за мојот личен и професионален напредок.“ Александар Вељанов, Senior Software Engineer 

Покрај кампањата „Работа од било каде“ во Мусала Софт, тие го проширија нивниот тим, започнаа со работа на скоро 20+ нови проекти, а само за 2021 година веќе добија скоро 15 нови клиенти. Стратешката диверзификација на проектите и клиентите во комбинација со одржување на инспиративна атмосфера на компанијата се клучни за привлекување на вистинските луѓе и проширување на нивниот тим.

Мусала Софт секојдневно инвестира во нивната ДНК на вредности – # ИНОВАЦИЈА # ПОЧИТУВАЊЕ # ИМПАКТ # ТИМСКА РАБОТА # ПАСИЈА # КВАЛИТЕТ

Секој кој сака да дознае повеќе за проектите, технологиите и можностите за развој во Musala Soft може да ги контактира на jobs@musala.com.

Претходна статијаФИТР: Позитивните резултати на поддржаните компании се потврда за ефективното работење на Фондот
Следна статијаP50 Pocket е нов смартфон на преклопување од Huawei кој има и дополнителен кружен екран