Оваа година, Proxiad SEE (South Eastern Europe) слави 20 години постоење – две децении исполнети со континуиран раст, технолошки иновации и градење силни партнерства. Приказната започна во 2005 година, кога Proxiad Group решава да ја прошири својата дејност во Југоисточна Европа, при што изборот прво падна на Софија – динамичен град со растечки технолошки потенцијал. Така започна и развојот на Proxiad SEE: со мала канцеларија и тим од тројца луѓе, подготвени да ја пренесат експертизата и француската култура на групацијата во нова средина. Во основата на овој чекор стоеше јасна визија – да се изградат одржливи партнерства, да се создава реална вредност преку технологијата и да се развиваат луѓето како најголема вредност на компанијата.
По почетниот успех во Софија, Proxiad SEE ја прошири својата дејност и во Пловдив, Бугарија, во 2007 година, дополнително зајакнувајќи го своето присуство во земјата. Потоа, како еден од поголемите чекори на компанијата е одлуката во 2022 година, Proxiad SEE да излезе надвор од територијата на Бугарија и го направи својот прв регионален исчекор со отворање канцеларија во Скопје, Македонија. Овој milestone претставува важен момент во развојот на компанијата – јасна потврда на нејзината визија за регионално лидерство и долгорочна посветеност на развој на локални ИТ заедници. Со ова проширување, Proxiad SEE не само што го прошири својот технолошки и географски домет, туку и ја зацврсти својата улога како доверлив ИТ партнер и работодавач во Југоисточна Европа.
Како дел од тимот уште од самиот почеток на отварање на канцеларијата во Скопје, имав привилегија да бидам меѓу првите кои ја пренесоа културата и вредностите на Proxiad SEE во Северна Македонија. Со јасна визија и силна тимска енергија, успеавме да изградиме стабилна и мотивирана заедница од самиот почеток. Во тој период, колегите од Бугарија ни пружија посебна помош и поддршка, што ни помогна да го поставиме темелот на компанијата и да ги надминеме почетните предизвици. Денес, со гордост гледаме како тимот во Скопје брои 40+ посветени колеги кои со ентузијазам и професионализам ја движат компанијата напред. Верувам дека токму оваа посветеност кон квалитетот, иновациите и тимската соработка е клучот што не води кон успех и ни овозможува да се справиме со предизвиците и да создаваме нови можности при секој нареден чекор.
Дина Ивановиќ
Site and Recruitment Lead Macedonia

Од самото основање, Proxiad SEE е дел од Proxiad Group – меѓународна технолошка група со фокус на обезбедување ИТ услуги и консалтинг. Групата има повеќе од 25 години историја, моментално брои 1300 вработени и остварува годишен приход од околу 120 милиони евра. Освен на Балканот, Proxiad Group работи и преку 15 канцеларии во Франција, Канада, Мароко и Тунис.
Денес, Proxiad SEE соработува со повеќе од 25 меѓународни клиенти и располага со над 250 софтверски инженери и QA експерти, бизнис аналитичари, проектни менаџери, DevOps специјалисти и многу други. Компанијата обезбедува услуги за организации од различни сектори, вклучително и финансии, здравство и фармација, транспорт и логистика. Преку својата специјализирана подружница по име Proxiad Consulting, компанијата нуди и консултантски услуги и специфична SAP Ariba експертиза за supply chain process.

Од голема важност е просечното времетраење на партнерствата кое е речиси осум години, а најдолгогодишниот клиент соработува со компанијата веќе 18 години – јасен показател за одржливата доверба што ја гради Proxiad SEE. Податоците за задоволството на клиентите исто така го потврдуваат тоа: во 2024 година, Proxiad SEE постигна Net Promoter Score од 100 – реткост во B2B секторот. Финансиските резултати од последните години го нагласуваат стабилниот раст на компанијата – за помалку од 5 години, Proxiad SEE ги удвои своите приходи од 7,4 милиони евра во 2020 на 13,265 милиони евра во 2024 година.
Една од карактеристичните црти во развојот на компанијата е последователното проширување на нејзината дејност и експертиза. Proxiad SEE нуди услуги што го опфаќаат целиот life cycle на создавање, одржување и развивање на софтверски производи, консултантски услуги и развој на технолошки решенија во областа на медицината и здравството.
Со стекнатото искуство од развој на дигитални решенија за своите клиенти, во 2022 година компанијата природно доаѓа до креирање на сопствени софтверски продукти. Првичната идеја за создавање на продукти е од внатрешни потреби, но подоцна наоѓаат примена на пазарот, бидејќи решаваат реални предизвици со кои се соочуваат компаниите. Пример за тоа е Desk Buddy – софтверско решение за управување со канцелариски простори, кое им помага на компаниите со хибриден модел на работа да го планираат користењето на работни места, сали и споделени ресурси, оптимизирајќи го користењето на просторот и зголемувајќи ја ефикасноста на тимовите.
Во Proxiad SEE веруваме дека луѓето се нашата најголема предност. Токму тимската работа и заедничките вредности ни овозможуваат да растеме одржливо и да ја освојуваме довербата на нашите клиенти веќе 20 години. Нашите успеси се резултат на тоа што ги поддржуваме и развиваме нашите колеги, им даваме простор за идеи и ги охрабруваме да дејствуваат како тим. Тоа е основата на нашата култура и причината поради која Proxiad SEE е преферирано место за работа и развој.
Александар Милев
Managing Director на Proxiad SEE
Новите хоризонти за компанијата не се ограничуваат само на создавање производи, туку вклучуваат и навлегување во нови, специјализирани индустрии. Една од нив е технологијата во здравството и фармацијата, а развојот на оваа експертиза и тимот кој стои зад неа е меѓу главните приоритети за Proxiad SEE. Во 2024 година, компанијата ја основа Proxiad Health Tech, а една година подоцна располага со сопствена лабораторија и е една од ретките компании која е сертифицирана за работа со медицински уреди во своите канцеларии. Тоа ѝ овозможува да развива и тестира драјвери и интеграции во реални услови.
Во health tech секторот учествуваат над 50 специјалисти – софтверски инженери, инженери за верификација и валидација, QA експерти и биомедицински инженери. Proxiad Health Tech располага со еден од најголемите тимови од биомедицински инженери на Балканот – експерти кои играат клучна улога во вмрежувањето помеѓу медицината и технологијата. Тие комбинираат клиничко размислување со техничка експертиза и се незаменлив дел од проекти кои бараат длабинско разбирање на медицинските процеси, податоци и уреди.
Proxiad SEE веќе е докажан партнер во клучни технолошки насоки. Нашиот следен чекор е да го надградиме развојот преку нови инвестиции, поблиска соработка со клиентите и проширување на нашите тимови со луѓе и знаења кои ќе ни овозможат да создадеме уште поодржливи и широко применливи решенија.
Александар Милев
Managing Director на Proxiad SEE
Освен соработка со технолошки компании кои развиваат иновативни решенија во областа на медицината, фармацијата и медицинските уреди, компанијата работи и со болници во процесот на дигитализација и изградба на болнички интеграции. Proxiad Health Tech активно развива и проекти со вештачка интелигенција во овие области, фокусирајќи се на автоматизација, анализа на податоци и подобрување на клиничката ефикасност.
Proxiad SEE посветува сериозно внимание на ESG стратеги и корпоративна општествена одговорност. Компанијата применува одржливи практики во секојдневната работа, вклучително и хибриден начин на работа, zero-waste политикa на работното место и оптимизација на енергетската ефикасност во канцелариските простории. Компанијата посветува многу труд и време за развој на вработените преку менторски програми, обуки и можности за баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот. За сето тоа, резултатите за задоволство на вработените се индикативни: растот на Employee Net Promoter Score е позитивен секоја година, а во 2024 година резултатот е 4.22 од 5.
Proxiad SEE продолжува да ја развива својата дејност на одржлив начин и со јасен фокус на надградба на веќе изградените силни страни. Компанијата планира да ја прошири својата експертиза, да го збогати портфолиото со нови технолошки решенија и да ги зајакне лидерските позиции во здравствените технологии и вештачката интелигенција. Меѓу стратешките цели се проширување на меѓународното присуство и потенцијални аквизиции на компании кои ќе донесат дополнителни компетенции и иновации.