Најновата верзија од една од најпознатите игри, Battlefield, официјално излезе на 10 октомври, односно минатиот петок. Според објава од Electronic Arts, Battlefield 6 е досега најуспешното лансирање од оваа франшиза, која ги сруши сите досегашни рекорди на играта.
Од компанијата информираат дека во првите три дена од лансирањето, Battlefield 6 е продадена во 7 милиони копии, а бројката продолжува да се зголемува и понатаму.
Battlefield 6 им стана достапна на корисниците за првпат во „Open Beta“ форма во август, по што минатата недела беше и официјално пуштена. Во првиот викенд по пуштањето изиграни биле 172 милиони партии онлајн, а биле изгледани и 15 милиони часови стриминг од играњето.
„Battlefield 6 ја носи борбата на невидено ниво, со сосема нови мултиплеер режими, возбудлива блокбастер кампања за еден играч, мноштво подобрувања кои создадоа извонреден простор каде што секоја борба, возило и стратегија води до победа, како и враќањето на Portal, кој нуди моќни алатки за развивање на играчите кои веќе ги користеле за да ја демонстрираат својата неверојатна креативност и вештини.“ – истакнуваат од EA.
Играта е достапна на PlayStation 5, Xbox X/S, како и на Windows компјутерите преку Steam, EA апликацијата и Epic Games Store по цена од 69,99 долари за стандардната верзија, односно 99,99 долари за Phantom Edition.