Во неговиот стандарден стил, кратко и во име на компанијата, Маск преку објава на X најави дека почнувајќи од утре ќе биде забрането користењето на „хаштагови“ во рекламите на мрежата.
Овие ознаки може да се каже дека беа „измислени“ од Twitter, односно станаа масовно користени, а според Маск тие не изгледаат добро и се „естетски кошмар“ кај рекламите.
Користењето на ознаките останува како и досега на другите објави, а нивната забрана е само за рекламите.