Фото: Shutterstock.com

Изминатиот период X повторно има проблем со огласувачите, а вниманието беше привлечено кога Apple објавија дека ги ставаат нивните кампањи на оваа мрежа на пауза.

Како причина за одлуката беше истакнат антисемитизмот, нешто што е доста актуелно изминатиот период од познати причини. На листата на компании треба да се додадат и Paramount, Comcast, IBM, Disney и други кои поради истата причина одлучија да прекинат со рекламите.

Проблемот настана по истражување од страна на компанијата Media Matters кои имаат дојдено до антисемитски објави до кои биле прикажувани реклами, односно X не ги „санкционира“ овие објави и на истите да не се заработува, во најмала рака.

Според дел од информациите, Media Matters имаат користено „тактики“ при разгледување на мрежата кои не се баш исти со начинот на којшто корисниците ја користат оваа мрежа. Со други зборови тие направиле се што можат за да дојдат до реклами на одредени објави, па тоа на крајот се има и случено.

Од X секако ги негираат ваквите обвинувања, па тие ќе поднесат и тужба против оваа компанија со обвинување дека тие ги имаат „произведено“ резултатите од истражувањето и дека тие не се точни.

Оваа компанија е истражувана и од страна на Кен Пакстон, јавниот обвинител на државата Тексас со сомневање дека се работи за организација која е против слободата на говорот.

X, поранешен Twitter, е под чести напади по купувањето на мрежата од страна на Елон Маск. Од тоа што може да се види, претходното раководство на мрежата има цензурирано одредени објави по барање на властите, а тоа посебно дојде до израз за време на корона кризата кога повеќето од забранетите објави сега е докажано дека биле точни.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаБордот на европски студенти на технологија – БЕСТ го организира својот прв хакатон
Следна статијаApple веќе работи на можниот наследник на Тим Кук, иако има време додека тој биде потребен
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.