Доколку сте редовен корисник на X, сигурно денеска имате забележано проблем со отворање на оваа мрежа. Иако прекинот не е константен, сепак во повеќе наврати мрежата или воопшто не може да се отвори или потребно е доста време.
Објаснување за случувањата даде Елон Маск кој преку X објави дека мрежата била и се’ уште е цел на сајбер напад.
Според него, X е предмет на напади секој ден, но овој напад е направен со многу ресурси, поради што се претпоставува дека се работи за голема и координирана група или некоја земја.
Засега нема повеќе информации, но овој напад воопшто не изненадува со оглед на „непријателите“ кои ги создаде Маск со здружувањето со Доналд Трамп, а посебно по неговото поставување на чело на „DOGE“ одделот.
Еден од главните резултати на работата на DOGE е укинувањето на познатата USAID агенција за чија работа одамна има сомневања кои сега полека беа потврдени.