Threads, конкурентот на X од Meta, ја доби можноста за директни пораки помеѓу корисниците. Ова е една од најбараните функции на мрежата според Meta, а доаѓа дури две години по претставувањето како мрежа поврзана со Instagram брендот.
Пуштањето на новата можност ќе оди постепено, што значи дека нема сите веднаш да ја добијат, а разговорите ќе можат да се прават помеѓу луѓето кои се следат на Threads, како и заедничките пријатели од Instagram.
За некоја идна надградба се најавува додавање на можноста за групни разговори, сега се достапни само еден на еден, како и можноста за контрола на кој може да испрати порака и слично.
Од компанијата истакнаа дека Threads продолжува да се развива независно од Instagram, односно корисниците следат целосно различни интереси на оваа мрежа.
Threads добива и уште една новина, а тоа е истакнување на популарни теми на кои корисниците ќе можат да притиснат и да дознаат повеќе.