google-logo

Скенирањето на пораките во Gmail, но и другата содржина од другите сервиси е познато во јавноста веќе подолг период. Оваа активноста која што е практикувана од скоро сите провајдери на сервиси на интернет е предмет на долгогодишна дебата и критики, но и загриженост за нарушување на приватноста. Може да се каже дека недовербата во интернет сервисите, односно во нивото на приватност кое што го нудат, кулминира со објавувањето на информациите за NSA, па денес веќе е нормално верувањето дека ништо на интернет не е приватно.

Google сепак реши практиката на скенирање на содржината во своите сервиси да ја официјализира и да ја стави како дел од Условите за користење, документ кој што заедно со Политиката на приватност ги уредува односите на провајдерот на сервиси и корисниците. Доколку ја отворите страната на која што се Условите за користење на Google, ќе ја видите додадена следната реченица:

Нашите автоматизирани системи ја анализираат вашата содржина (вклучувајќи ги и email пораките) за да ви овозможат лично релевантни карактеристики на производите, како што се посебни резултатите од пребарување, прилагодени реклами, но и откривање на спам и малициозен софтвер. Анализата се прави додека содржината се испраќа, прима и кога е зачувана на серверите.

Дали сметате дека оваа практика на Google, но и на другите интернет сервиси претставува опасноста за приватноста или ја гледате како нормален дел од работата на компаниите ?

Претходна статијаGoogle ги купи Titan Aerospace, компанија за која што се интересираше Facebook
Следна статијаПулицерова награда за известувањата за Edward Snowden и NSA
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.