Нови видови на реклами сигурно не е нешто што недостасува кај друштвените мрежи, вклучувајќи ја и Instagram, но ете тие сепак ќе бидат воведени. Meta најавија два нови видови на реклами, а истите се замислени да им овозможат на бизнисите подобар начин на промовирање и откривање на нивниот бизнис.

Првиот нов вид на реклама е во основа потсетник реклама. Потсетникот е ставен во категорија на реклами затоа што огласувачите ќе треба да платат за да им се прикаже на корисниците, но доброто е што потсетникот нема автоматски да се појавува, а корисниците ќе треба да го изберат истото со притискање на достапното копче.

Потсетниците се одличен начин за промовирање на настани, па корисниците кои притиснале да бидат потсетени, ќе добијат известување еден ден пред настанот, па 15 минути пред истиот, како и за време на настанот.

Вториот вид на реклама кој станува дел од Instagram е во делот за пребарување. Кога корисниците пребаруваат нешто, при притискање на еден од достапните резултати ќе можат да продолжат да листаат надолу, каде ќе им бидат прикажувани реклами.

Овие промени се планирани за месеците што следат, што значи дека постепено корисниците ќе почнат да ги забележуваат како што стануваат достапни.

ИЗВОРInstagram
Претходна статијаНајавена Counter-Strike 2 – доаѓа за сите корисници како бесплатна надградба ова лето
Следна статијаMicrosoft ја претстави Loop, нова апликација за соработка при работата на тимовите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.